Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на финансиите со Штедилница Можности.
Штедилница Можности вработува: ИТ специјалист во оддел за апликативен софтвер
Кој/а што заедно со остантите членови на тимот во ИТ сектор ќе учествува во:
- Креирањето и имплементацијата на политиките и процедурите за воведување на софтверски решенија.
- Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти.
- Комуникацијата со развивачот на софтверот за примени барања од корисници.
- Го следи развојот на сите барањата за промени во банкарската апликација.
- Креирање и ажурирање на техичките упатства за корисниците за употреба на апликативните решенија.
- Водење на соодветна документација од делот на одржување на софтвер.
- Водење на примени барања од корисници.
- Постојана комуникација со корисниците и развивачот на софтверот.
Потребни квалификации и вештини:
- Соодветно познавање на SQL, PL/SQL, и познавање на Oracle DB (основно или друго ниво)
- Високо образование и/или средно образование со соодветно работно искуство.
- Самоиницијативност и способност за тимска работа.
- Добри комуникациски способности.
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.
Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина. Висината на нето плататата зависи од знаењето и работното искуство на кандидатите. Почетната нето плата за кандидати со соодветно образование, а без работно искуство е 30.000 денари.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] до 15.11.2022 година.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.
Кандидатите што ќе аплицираат, а ги исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.
Рокот за избор на кандидати е до 45 до 120 по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавени кандидати.