
За компанијата: World Transport Overseas е една од најбрзо растечките логистички компании во Источна Европа со свои подружници во Бугарија, Северна Македонија ,Кина, Хрватска, Грција, Косово, Романија, Србија, Словенија,Албанија,...
повеќе за компанијата »Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим на World Transport Overseas Скопје и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најбрзо растечките логистички компании во Источна Европа.
WTO Group има свои подружници во Бугарија, Кина, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Србија, Словенија, Тајван, Романија, Албанија. Политиката на компанијата е целосно насочена кон исполнување и надминување на сите барања на своите клиенти во областа на транспортот и логистиката, како и нудење дополнителни услуги директно или индиректно поврзани со нашата дејност.
WTO Скопје го проширува својот тим и има потреба од АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ и АДМИНИСТРАЦИЈА (м/ж)
Опис на работни задачи:
- Прием и евиденција на фактури
- Евиденција на документи, уплати и исплати во софтвер на WTO (MS Dynamics)
- Комуникација и проследување на документација до надворешно сметководство
- Извршување на плаќања во земјата и странство преку електронско банкарство
- Навремена евиденција на уплати/исплати од клиенти и вендори
- Следење на обврски за плаќање и наплата
- Останати административни активности
Потребни вештини:
- Основно познавање на MS Office пакет (Outlook, Word, Excel);
- Одлично познавање на англиски јазик
- 1-2 години работно искуство во финансиски сектор ќе се смета за предност, но ги охрабруваме и кандидатите без работно искуство да аплицираат
Доколку сакате да се придружите на тимот на WTO испратете го вашето CV на Miroslav Georgievski [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 26.06.2022
Сите примени апликации се доверливи.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе бидат избрани при селекцијата на апликациите.
Слични огласи »