
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Бидете дел од Мако Маркет!
Вработуваме:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА – РЕГИОН ПРИЛЕП
Кои сме ние?
Мако Маркет e дел од AGNA Group, компанија со 151 вработен, на територијата на Р.Македонија, извозник за Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија и Австралија.
Компанијата е основана во 1990 година со основна дејност – производство, увоз и дистрибуција со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: MEGA, Arix, La Famiglia, Lords. Наши брендови се: Мое Колаче и Тазе пуканки.
Опис на работната позиција:
- Учествува во продажбата, применува и оценува заеднички бизнис планови со клиентите за да се постигне планираната продажба, испорака и цели кои се однесуваат на учеството на пазарот
- Иницијатива за продажба на нови артикли и развој и примена на креативен мерчендајзинг
- Развивање на добар однос со клиентите од секое ниво
- Управување со сите детали кои се однесуваат на секојдневното извршување на работата (планирање на обемот на продажбата, поврат, промени во цените, административни прашања)
- Учество во програмите за обука и развој на вработените во улога на ментори и лидери на програмата
- Комуникација со ланец на снабдување, и финансиски операции и останати сектори и одделенија во рамките на компанијата во врска со сите активности кои се составен дел на процесот на дистрибуцијата и се директно поврзани со нормалното функционирање на работата со Клучните купувачи: состојба на залихи (редовни портфолио или специфични активности, изработка на финансиски документи и други)
- Строга примена на условите и политиките за делување на пазарот
- Претставување на работодавачот во најдобро светло, стандардни, професионални манири
Услови и компетенции:
- Основни услови: ССС (пожелно економски)
- Корпоративни вредности: Интегритет, Респект, Ентузијазам/Енергија, Раст и Извонредност, Натпреварувачки дух, Креативност, Фокус на клиенти.
- Општи компетенци: Возачка дозвола Б категорија, одлично познавање на Microsoft Office, одлично познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Одлична работна атмосфера
- Можност за развој преку адекватни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и комуникација со другите компании од групацијата
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 28.02.2019 год.
За аплицирање на огласот испратете го Вашето CV на
[најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот]
Мако Маркет ДОО
ул. Првомајска бб,
1000 Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »