Мотиви лого

Персонал за анкетирање на клиенти - ТАВ - меѓународен аеродром Скопје

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување, за својот клиен TAV Macedonia, објавува оглас за повеќе позиции, вклучувајќи:

ПЕРСОНАЛ ЗА АНКЕТИРАЊЕ НА КЛИЕНТИ

 

Работни задачи:

  • Анкетирање на клиенти (патници и други клиенти) на Меѓународниот Аеродром Скопје.
  • Анкетирањето се врши во живо, преку електронски уред, со владеење на софтверски апликации, за чие користење работникот претходно добива соодветни обуки.
  • Работникот се грижи за технички исправно пополнување на анкетите и има одговорност за нивната валидност.
  • Работникот има обврска да исполнува месечни и квартални квоти, согласно програмата за анкетирање и да ги исполни таргетите за усогласеност на самата програма, сите зададени од меѓународна организација. 
  • Работникот дневно го следи исполнувањето на квотата на направени анкети и на претпоставениот му предлага прилагодувања во планот за прибирање анкети доколку е потребно, со цел исполнување на квотата и сите правила за усогласеност.
  • Работникот ги анализира податоците и подготвува различни видови на извештаи до претпоставениот, на дневно, месечно, квартално, полугодишно и годишно ниво.
  • Други задачи во Одделот за Корпоративни комуникации, коишто може да ги зададе претпоставениот.
  •  

На кандидатот ќе му бидат обезбедени:

  • Соодветни обуки за спроведување на анкетите на патници со цел владеење на софтверските апликации, како и подготовка и анализа на извештаи.
  • Соодветни ориентациски обуки за работа во ТАВ Македонија и на Аеродром, како и обуки за здравје и заштита при работа.     

 

      Работната позиција подразбира работа во смени на аеродромот, постојано движење низ аеродромот и директна комуникација со клиентите.

Потребни вештини:

  • Течен македонски и англиски јазик (вербален и пишан) се задолжителен минимум.

 Работни смени:

  • Понеделник-недела (16:00-22:00ч; 00:00-08:00ч)

РАБОТНИ УСЛОВИ (за сите позиции)

  • Флексибилно работно време и работа во смени
  • Обезбеден организиран преввоз
  • Обезбеден топол оброк
  • Основна дневница: 1.100 денари

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mк (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »