
За компанијата:
Алта Фармацеутикалс е модерна компанија со нагорен развој во фармацевтскиот сектор.
повеќе за компанијата »КОМЕРЦИЈАЛЕН - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК за портфолиото на Alta Pharmaceuticals за територијата на Р.С. Македонија
Алта Фармацеутикалс, водечка компанија во фармацевтскиот сектор со присуство на пазарите во Бугарија, Албанија, Косово и Македонија, бара медицински претставник за продажба. Нашата компанија има амбициозен развој во трговија со фармацевтски производи, додатоци во исхраната и козметика.
Опис на работата:
- Претставување на производите на компанијата и активно градење на односи со лекари, фармацевти и други здравствени работници
- Развој и имплементација на стратешки бизнис планови за проширување на клиентската база
- Подготовка на акциони планови за територијата врз основа на анализа на пазарните податоци
- Организирање на редовни посети и презентации на производите
- Следење на пазарните трендови и конкуренцијата
- Креирање на маркетинг планови и реализација на продажни цели
- Подготовка на редовни извештаи за теренската работа
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (предност Фармацевтски, Медицински, или Стоматолошки факултет)
- Претходно искуство во фармацевтска дејност се смета за голема предност
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Познавање на англиски јазик
- Добро познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Спремност за работа на терен и активно учество во тимскиот процес
Ние нудиме:
- Работа во меѓународна компанија со современи и амбициозни цели
- Одлични услови за работа и конкурентна плата
- Работни услови во тим со мотивирани професионалци
Доколку сте заинтересирани да се придружите на нашиот тим, испратете го Вашето CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат со строга доверливост според GDPR.
Слични огласи »