
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ НА ТЕРЕН
Квалификации:
- Солидно познавање на англиски јазик
- Солидно познавање на Office пакетот (Word, Excel)
- Возачка дозвола - Б категорија (активен возач)
- Искуство на иста или слична позиција се смета за предност
Предности:
- Посветеност, лојалност и одговорност
- Добри комуникациски способности
- Флексибилност/адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
- Ефективност и ефикасност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ.
Своето CV (со слика) доставете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Комерцијалист терен".
Непотполни документи нема да бидат разгледувани!
Слични огласи »