
За компанијата:
Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »
ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција: Комерцијалист со логистичка поддршка (Продажба и Достава)
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование со стекната диплома во една од следниве области: економија, маркетинг, бизнис администрација, машинство или квалификации во области како инжењерство, хемија или други технички науки – или соодветно искуство во продажба, логистика и снабдување.
- Искуство во продажба и логистика, по можност во индустрии кои користат CO2, (прехрамбена, медицинска или индустрија за пијалоци и гасна индустрија).
- Задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност).
- Познавање на ексел, високо ниво.
- Пишување и одговарање на меилови, високо ниво.
- Одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации.
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач).
Работни обврски:
- Секојдневна комуникација со клиенти (купувачи), (онлајн и терен).
- Планирање и организирање на продажни активности,
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата.
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти.
- Прием и обработка на нарачки и следење на реализацијата на нарачката.
- Изработка на потребна продажна документација.
- Организација, координација и навремена достава на производи до клиенти.
- Организација на подигнување и евиденција на празна амбалажа од клиенти.
- Поддршка во оперативно решавање на логистички проблеми.
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
- Способност за градење долгорочни односи со клиенти.
- Способност за преговарање на цени, услови и други аспекти на договорите со клиентите.
- Добро разбирање на процесите за производство и употреба на CO2.
- Способност за анализа на пазарните потреби и конкуренцијата во областа на продажбата на CO2.
- Добро разбирање на логистички и транспортни процеси.
- Организациски способности за координација на продажба и логистика.
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови.
- Позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи.
- Флексибилност за работа на терен.
- Динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати.
- Способност за работа во тим и самостојна работа.
Компанијата нуди:
- Атрактивни редовни месечни примања и додатоци на плата согласно важечки законски прописи во државата( висината на плата ќе зависи од предходното стекнато искуство во работа од областа во продажни системи)
- Разновидна, интересна и динамична работа,
- Можност за професионален развој и надоградба;
- Одлични услови за работа во тим.
- Можност за соработка со европски и интернационални клиенти и соработници
- Работен однос на определено работно време по договор, од 1 до 3 месеци ( период на докажување на способности) со можност за продолжување.
Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го Ваашето (CV) кратка биографија на: hr@geogas.mk
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа, можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »