За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш клиент кој се занимава со дистирбуција на ОТЦ лекови и фармацевтски козметички препарати за нега на лице и тело, бараме:
Стручен соработник (реон Источна Македонија)
ЗАДАЧИ:
- Посета на лекари и стручни лица од различни специјалности со цел промоција и презентација на терапевтските можности на производите од палетата на Др.Тајс Натурварен
- Организација на семинари, презентации и останати облици на едукација и анимирање на стручната јавност
- Редовно следење на стручните информации и новини од соодветната област на медицината или фармацијата и нивно инкорпорирање во профилот на дадениот производ
- Способност за тимска работа и тесна соработка со теренскиот комерцијалист, кој би бил одговорен во тимот од двајца соработници – комерцијален и стручен.
БАРАМЕ:
- ВСС (Медицински, Стоматолошки, Фармацевтски или Биохемиски факултет)
- Минимум една година претходно работно искуство
- Комуникативна, самомотивирана личност со изразени презентациски способности
- Подготвеност за остварување на зададените таргети
- Подготвеност за тимска работа со теренскиот и комерцијалистот во канцеларија
- Пожелни стекнати знаења или посетени курсеви за комуникација, справување со тешки клиенти и разрешување на конфликти
- Пожелно познавање на англиски и/или германски јазик
- Одлично познавање на Word, Excel, Outlook и PowerPoint
НУДИМЕ:
- Работно време од 08:00 до 16:00 часот
- Вработување на определено време, а потоа на неопределено
- Законски утврден годишен одмор
Кандидати кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »