
За компанијата: Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е една од водечките компании во североисточниот регион на Република Северна Македонија. Работи успешно, гарантира долгорочна стабилност. ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е општествено одговорна коомпанија која се грижи за чиста и безбедна работна средина според европски стандарди (ISO 14001, ISO 9001). ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип поради зголемување на производствениот капацитет, има потреба од проширување на својот тим и распишува оглас на следниве работни позиции:
ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Опис на работното место:
- Комплетно следење на сметководствената евиденција и работење
- Контрола и проверка на сите видови налози за книжење во согласност со сметководствени политики и меѓународни сметководствени стандарди и важечка законска регулатива
- Подготовка и припрема на месечна пресметка на производство, месечен извештај на залихи и други извештаи и анализи од сферата на материјално работење
- Контрола на трошоци и финансиска анализа
- Припрема на ДДВ пријава
- Припрема на месечни извештаи (биланс на успех, биланс на состојба, состојба на залихи)
- Проверка на извештај за резултати од попис
- Припрема на Годишна сметка и финансиски извештаи
- Припрема на документација за извештај за трансферни цени, извештај за задржан данок и Даночен биланс
- Припрема на документација потребна за Ревизија на Годишна сметка
- Припрема на обрасци за Народна банка, Завод за статистика и други државни институции
Квалификации:
- ВСС – Економски факултет (предност отсек сметководство и ревизија)
- Уверение од ISOS за овластен сметководител
- Работно искуство на слични или исти позиции од 2 до 5 години
- Напредно познавање на MS Office пакет, Word, Excel, Outlook (предност искуство од контрола на книжења на интегриран софтвер)
- Одлично познавање на Англиски Јазик
- Одлични комуникациски вештини
- Спремност за тимска работа
- Работа под притисок и почитување на рокови
- Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и меѓународните сметководствени стандарди
Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија (CV) на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 23.06.2024, со назнака за позиција за која аплицира
Слични огласи »