Менаџер за продажба и маркетинг

Менаџер за продажба и маркетинг

 

Компанијата Компјунет инженеринг е дистрибутер на производи и услуги од големи мултинационални компании како WAGO, Schneider electric, Hydac, Extech, MDT и други, како и изведувач и интегратор на софистицирани решенија од областа на Информатиката, Автоматиката, Електротехниката и Зградната автоматизација.

 

Работните задачи се:

  • Посети и контакти на потенцијални клиенти,

  • Презентации на производи и услуги,

  • Разговори за потреби на клиенти,

  • Идентификација на потреби на клиенти и со помош на останати вработени изготвување соодветни понуди и решенија,

  • Учествo во изработка на маркетинг кампањи за производи, услуги и решенија и нивно спроведување преку посети, телефонски комуникации, социјални мрежи и други начини.

 

Работата е креативна, нешаблонска, овозможува пристап до најнови технологии во светот и контакт со голем број на лица и компании во земјата и регионот.

 

Вработениот мора да има комуникациски способности, да има возачка дозвола Б категорија, да знае да работи со Windows и Microsoft office.

 

Апликацијата да се испрати на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »