Организација ОРТ: Аналитичар/плата - 400 евра

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 2.2017
  • ПРОМО
  • Активен до 07.02.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

Задачи:

  • Одржување на контакти со партнерските организации, соработници, локална заедница преку коресподенција, извршување на задолженија, учество на средби.
  • Комуникација со е-пошта, пошта, телефон, пораки, пишување писма, потребни за проектите и организацијата. Давање извештаи на директорот за примените дописи од партнерските организации.
  • Изработка на извештаи, записници, тајмшитови, во согласност со интерната програма за работа за тековните проекти, што опфаќа следење на работата на другите ангажирани лица во други проекти.
  • Надополнување на веб страницата за електронска трговија со нови содржини, примање нарачки, евидентирање на нарачките и понудите, и одржување на комуникација со соработниците како даватели на услуги.
  • Објавување на наши активностите на интернет социјални мрежи.
  • Организирање на логистика и набавки за настани, состаноци и други активности во организацијата.
  • Пишување на предлог проекти за теми одредени од раководителот и по свој избор по одлука на раководителот.

Работното време: 8 часа, со законска пауза 30 минути.

Времетрање на вработувањето: 6 месеци, до 30.7.2017 година.

Вид на ангажман: вработување со плата и придонеси.

Висина на бруто плата: 400 евра месечно, во денарска противвредност согласно курсот за дадениот месец.

Услови за конкурирање:

Заинтересираните лица да достават биографија (и ако сакаат додатно писмо со опис на стручноста) на адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или бул.Јане Сандански 61/47, 1000 Скопје, или факс 02/5111-345.

Доколку не Ви се јавиме, значи не сте избрани.

Најинтересни 5 кандидати ќе бидат поканети на разговор.

Најдобри 2 кандидати ќе бидат ставени на пробен период на работа 1 недела.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 6.2.2017, ДО 15.00 ЧАСОТ.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Потребно образование:

  • високо образование, VII1 степен, пожелна диплома од туризам, билогија, екологија, маркетинг, економија.
  • Курсеви поврзани со работната позиција се прифаќаат како образование.

Потребно знаење на:

  • англиски јазик течно, способност да говори со странци, способност да пишува писма извештаи, текстови, анализи, способност да разбере и преведе странски документи.
  • Компјутерски програми, МС офис (ворд, ексел, паверпоинт, паблишер, оутлук, акцес), Адобе, Индизајн, Фотошоп, способност за користење во секојдневна работа, работа на интернет, обработка на слики, снимање на документи.

Потребно искуство:

  • 2 години работно искуство на спроведување проекти и/или работа во администрација на фирма.
  • Познавање од комуникација со институции. Познавање администрација, пишување извештаи, туризам, планирање, креативност, водење на кампања за јавна свест.
  • Искуство од организирање на настан и истражување.

Поради мотивирање на возрасните над 35 години за учество на пазарот на труд, предност се дава на повозрасни и поискусни лица.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »