
За компанијата: Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Motors...
повеќе за компанијата »Нашата компанија е во потрага по нов член кој треба да му се придружи на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:
1 КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ЗА ПАТНИЧКИ И ТОВАРНИ ВОЗИЛА
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Техничко познавање на резервни делови
- Работно искуство од над 5 години во областа
- Искуство во продажба и комуникации со клиенти
- Следење на процесот на продажба и изготвување извештаи
- Англиски јазик, основно познавање
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Креирање комерцијални понуди и советување на клиентите за изборот и набавка на резервни делови за редовно одржување
- Одржување и проширување на постоечката мрежа на продажба
- Зголемување на асортиманот кај постоечките клиенти
- Активно следење и одржување на соодветното ниво на залихи со делови
ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА
- Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
- Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
- Можност за самостојност, иницијативност и креативност
- Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк
Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работно место „Комерцијалист за продажба на резервни делови за патнички и товарни возила“ заклучно со 20-ти октомври 2022г.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.
Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso, Mobil, сопственик на брендот Premium Used за користени возила и на Premium деловниот центар


Слични огласи »