За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно.
повеќе за компанијата »- Објавен на 12.2016
- ПРОМО
- Активен до 24.03.2017
- Позиција: Програмер/Информатичар
- Локација: Скопје
- Веб: kariera.mk
Краен рок: 24 март 2017 година
Отворен за: Млади дизајнери до 30-годишна возраст
Награда: Победниците ќе добијат 2.800 евра, а еден од победниците, исто така, ќе биде избран за три-неделно практикантство во „Model Obaly Innovation Centre“ во Прага
„Young Package“ натпреварот е отворен за натпреварот за меѓународен дизајн во пакување со тема: „Open & Play“. Организаторите се во потрага по пакување кое ќе ги заштити производите, но и ќе обезбеди незаборавно искуство за клиентите кои ќе го отпакуваат. Дизајнирајте пакет со кој би сакале да играте.
Уште од основањето во 1996 година, „Young Package“ натпреварот постигна меѓународен углед и карактеристична позиција помеѓу натпреварите за млади дизајнери. Секоја година, неколку стотици учесници од целиот свет испраќаат апликации.
Квалфикуваност
Конкурсот е отворен за млади дизајнери до 30 години кои можат да користат современи технологии, и да го спакуваат омилениот производ на интересен начин; да создадат изненадување или дизајн на пакување со кое би си играле децата.
Награди
Победниците ќе добијат 2.800 евра, а еден победник ќе биде избран за три неделно практикантство во „Model Obaly Innovation Centre“ во Прага.
Како да аплицирате?
Секој учесник може да пријави неограничен број на дела. Сепак, потребно е одделно да се регистрирате за секое ново дело.
ТУКА можете да се регистрирате, а ТУКА можете да добиете повеќе информации.

Слични огласи »