
За компанијата: DIAS e истакнат луксузен бренд специјализиран за производство и продажба на производи од кожа, синтетичка кожа и текстил. Основната дејност на ДИАС е производство, дизајнирање и продажба на кожни чевли,...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

КООРДИНАТОР НА ПРОДАЖБА
DIAS e истакнат луксузен бренд специјализиран за производство и продажба на производи од кожа, синтетичка кожа и текстил. Основната дејност на ДИАС е производство, дизајнирање и продажба на кожни чевли, чанти, различна кожна галантерија, модни аксесоари, рекламни и промотивни материјали и додатоци за канцелариски декор и офис програм, како и широк асортиман на производи од угостителски сектор.
DIAS е предводен од тим од искусни професионалци со искуство во моден дизајн, млад и амбициозен тим, како и високо обучен кадар во производниот процес за изработка на кожните добра.
Нашата структура поддржува агилно одлучување и ја поттикнува креативноста, овозможувајќи пријателска работна атмосфера и услови за континуиран развој и професионална надоградба. Доколку си проактивна личност, ориентирана кон кариерен раст, придружи се на нашиот тим.
ВАШИТЕ ВЕШТИНИ И ПЕРФОРМАНСИ:
- Претходно искуство во сегментот на продажба ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.
- Способност за независно делување и размислување.
- Одлични комуникациски, организациски и вештини за градење односи за поддршка на клиенти и соработка.
- Професионална доверливост и одговорност.
- Високо ниво на интегритет, професионализам и посветеност на задоволството на клиентите.
- Проактивен пристап во работењето.
- Соочување со нови знаења и предизвици.
ВАШИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Исполнување на договорените продажни цели и резултати во зададен временски рок.
- Директна продажба на производи во продажниот објект.
- Комуникација со клиенти за корпоративни нарачки и ажурно следенье на нарачките.
- Грижа за квалитетот на производите.
- Грижа за професионален изглед на продажниот објект.
- Евиденција за работа и работни активности и ажурирање на база.
- Ажурна и прецизна работа на каса.
- Учество во дизајнирање на производи.
НАШИТЕ ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА:
- Фиксна плата над просекот во индустријата + неограничени провизии.
- Обезбедување на динамична и пријателска работна средина каде што вашите придонеси се вреднуваат.
- Компанија каде што се цени лојалноста, одговорноста и тимскиот дух.
- Политика на препознавање и наградување на вашите достигнувања.
- Можност за континуиран развој и професионална надоградба.
- Слободен ден за вашиот роденден.
Слични огласи »