Зегин ДОО Скопје лого

Архивар

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: АРХИВАР 

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office, посебно Word и Excel
  • Работно искуство ќе се смета за предност

Опис на работата:

  • Евиденција и изготвување на влезни и излезни фактури
  • Контрола на исправноста на влезно излезните документи
  • Евидентирање на документите/фактурите и нивно архивирање
  • Асистирање во припрема на различна документација
  • Секојдневна координација и соработка со сметководство
  • Административна поддршка во работењето (анализи, подготвување и доставување на известувања, дописи, барања и сл.)

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени - наградно патување (дестинација по избор)
  • Ментор за обука
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Континуирано усовршување и напредок
  • Пријатна атмосфера и тимски дух
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »