
За компанијата: Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит.
Во нашето портфолио можете...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на својот тим.
Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
- Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
- Развивање на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста
- Следење на светските трендови во маркетинг сферата
- Координирање со надворешни маркетинг лица и агенции за дизајн
- Предложување и следење на маркетинг буџет и активности на социјални медиуми
- Активно водење според моделот plan, do, review.
- За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот.
Потребни квалификации:
- Задолжително работно искуство во маркетинг агенција од минимум 2 години.
- Пожелно завршено високо образование – Економски Факултет – Маркетинг/Е-Бизнис менаџмент
- Посветеност и одговорност према задолженијата и работата
- Флексибилност према работното време за период кога обврските го наложуваат тоа
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Одлично познавање на Office пакет
- Желба за понатамошно учење и развој
- Совесност , одговорност и самомотивираност
Потребна документација:
- CV не постаро од 6 месеци
- Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување
- Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност
- Портфолио на повеќе успешно развиени и имплементирани маркетинг проекти.
Ние нудиме/ Вие добивате:
- Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
- Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област
- Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 31.07.2020 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – “За работна позиција Маркетинг Асистент”.
Слични огласи »