Парти Сервис Лео ДООЕЛ лого

Пчелар

За компанијата:

Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »

Пчелар

(2 позиции, Скопје, Куманово)

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование пожелно работно искуство со пчели и пчелни семејства
  • Самоиницијативност, посветеност
  • Креативност и умешност
  • Високо развиена свест за лична хигиена
  • Тимски дух
  • Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
  • Возачка дозвола Б категорија

Работни задачи и одговорности:

  • Води грижа за сандаците со пчели и пчелните семејства, позиционирање, размножување.
  • Се грижи да обезбеди исхрана за пчелите (шеќерни погачи, полен и нектар од различни цветни растенија)
  • Секогаш се грижи навремено да ги собира пчелните производи мед, прополис, матичен млеч, восок, полен.
  • Внимателно го собира добиениот пчелин производ и соодветно го складира на правилно и соодветно место.
  • Ја одржува хигиената на сандаците со пчели и потребните апарати каде што ги извршува своите задачи согласно процедурите.

Нa кандидатот му нудиме:

  • Конкуретски месечни примања
  • Подарок за роденден
  • Организирана исхрана
  • Платен превоз
  • Работа во пријатна и организирана работна средина

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Пчелар”  

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »