Нептун Македонија лого

Администратор во магацин

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

 

Со цел проширување на тимот за логистика распишува оглас за вработување на:

Администратор во магацин

Со место на вршење на работните задачи во Скопје (населба Илинден) – 1 позиција

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Најмалку една година искуство во администрација, искуство во работа во делот на логистика ќе се смета за предност;
  • Солидно познавање на англиски јазик (усмена и писмена комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office)

 

Одговорности и работни задачи:

  • Изготвување на целокупната документација околу трговската стока во магацинот
  • Евидентирање, класирање и раздолжување документи во магацинот
  • Грижа за навремена достава на документите до архива, финансии и други сектори
  • Подготовка на целокупната документација за примената трговска стока во магацин од увоз (декларации, гаранции, упатства и слично)
  • Учество при реализација на попис на трговската стока во магацин
  • Водење евиденција за примената и издадената роба во системот на друштвото

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за Администратор во магацин”.

 

Огласот е активен до 31.07.2019 година

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »