ВАЉОН КОМ ДООЕЛ лого

Внатрешен Помошник Сметководител

Плата од 25.000 ден. до 27.500 ден.

  • Објавен пред 3 месеци
  • ВАЉОН КОМ ДООЕЛ
  • Активен до 20.09.2025
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Тетово
  • Веб: valonkom.mk

Внатрешен Помошник Сметководител

Опис на работното место:

Нашата компанија има потреба од Внатрешен Помошник Сметководител за поддршка на сметководствените и административните активности. Работната позиција вклучува секојдневна работа со документација, финансиска евиденција и делумно со човечки ресурси.

Главни одговорности:

  • Работа со MS Office, особено Excel.
  • Обработка на влезни и излезни фактури.
  • Пријавување и одјавување на вработени.
  • Контрола и водење евиденција на залихи на материјали.
  • Подготовка и следење на нарачки на репро-материјали.
  • Поддршка при други административни задачи според потреба.
  • Повремени патувања на различни локации/сајтови по потреба.

Потребни квалификации:

  • Добро познавање на MS Office (Word, Excel, Outlook).
  • Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.
  • Подготвеност за патување по потреба.

Предност ќе имаат кандидатите кои:

  • Имаат завршено курс по сметководство.
  • Имаат завршено средно економско училиште или економски факултет.
  • Поседуваат претходно искуство на слична позиција.

Услови за работа:

  • Работно време: 08:00 – 16:00, од понеделник до петок.
  • Сабота и недела: слободни денови.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати своето CV можат да го испратат на е-пошта: [ [најави се за да го видиш е-маилот] ]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »