КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој.
Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.
Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им
овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин
стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје поради проширување на својата дејност објавува оглас за вработување на
1. Дипломиран Машински Инженер
Инженерот ќе учествува во работата на постројките и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес.
Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен
производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално
ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење
на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи, решава специфични
проблеми. Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот.
Квалификации на кандидатите:
- Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), машински факултет
- Со или без работно искуство
- Возачка Дозвола Б категорија
- Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации ќе се смета за предност.
Конкурентски предности за сите работни позиции:
- Желба за работа во средина со високи барања
- Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
- Динамичност, ефективност и ефикасност
- Флексибилност и адаптибилност
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Тимска работа и кооперативност
- Решавање на проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 20 (дваесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неодредено време.
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување:17.06.2019