
За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови.
повеќе за компанијата »ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:
МАГАЦИОНЕР.
ПЛАТА: основна плата 16.800,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.
Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]
Ги извршува сите работи поврзани со магацинот и робата во него. Тие работи се однесуваат на прием на роба, организација на постоечката, попис, издавање на роба и одговорност за истата согласно документацијата.
Одговорности на магационерот се:
- Прием на роба, контрола на квалитетот и квантитетот, истовар од камион, проверка на истата согласно влезната документација, соодветно складирање и редење на истата
- Правилно и уредно одржување на робата во магацинот согласно ФИФО правила
- Комплетна организација и подготовка на роба за испорака согласно документација
- Утовар и истовар на робата согласно нејзиниот прием и издавање
- Правење попис на робата и одговорност за нејзиниот квантитет
- Одржување и уредност на магацинскиот простор
- Пакување на робата и соодветно бележење на истата
- Користење виљушкар и палети за безбедно и ефикасно преместување и складирање на робата околу магацинот и транспортниот простор
- Осигурување на навремен распоред за испорака и брзо известување на супервизорите доколку се случи или би се случило одлагање на испораката
- Споредба на залихите со периодични пописи по периодични извештаи по потреба на претпоставените
Квалификации и образование:
- Завршено средно образование
- Работно искуство како координатор на магацин или слична позиција
- Способност за оперирање со виљушкар, во различни временски и сообраќајни услови
- Основна компјутерска писменост
Потребни професионални способности:
- Работно искуство со работа во магацин
- Одлични организаторски способности и способности за менаџирање со времето
- Педантност и одговорност за робата
- Точност
- Основно познавање за работа со компјутери, е-маил
- Способности за известување и комуникација со претпоставените
Потребни персонални способности:
- Добри меѓучовечки односи
- Педантност, уредност, навременост
- Ефикасни комуникациски способности
- Трпеливост, љубезност и ентузијазам
- Тимска работа
- Способност за работа под притисок
Локација на извршување на работната позиција: ул. Горно Лисиче бр. 210
Работни саати неделно: 40 часа. Полно работно време
Работа во смени: не
Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.
Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]

Останати огласи »