Промовирани огласи »

Како да остварите право на паричен надоместок по престанок на работен однос

Невработеното лице може да поднесе барање за паричен надоместок во Центарот за вработување во местото на живеење во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос

Невработеното лице може да поднесе барање за паричен надоместок во Центарот за вработување во местото на живеење во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос. Доколку барањето се поднесе по истекот на овој рок, паричниот надоместок ќе се исплаќа од денот на поднесувањето на барањето за преостанатиот период. Сепак, паричен надоместок не се исплаќа ако барањето е поднесено по истекот на времето за кое истото следува.

Невработеното лице нема право на паричен надоместок доколку работниот однос му престанал поради: давање писмена изјава за престанок на работниот однос (освен поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак), спогодбен престанок, остварување права спротивно на закон, престанок по сила на закон (освен во случај на стечај), отказ поради кршење на работниот ред и дисциплина, одбивање да работи на законски распоредените работи, одбивање обука или преквалификација, губење на работната способност согласно пензиското и инвалидско осигурување, или исполнување услови за пензија. Исто така, правото на паричен надоместок престанува доколку невработеното лице отвори трговско друштво, претпријатие или врши самостојна професионална дејност.

Времетраењето на исплатата на паричниот надоместок зависи од стажот на осигурување. За стаж од 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, надоместокот се исплаќа 1 месец, а со поголем стаж периодот на исплата се продолжува во зависност од бројот на години осигурување, со максимално 12 месеци за стаж над 25 години. За невработени лица со над 15 години стаж кои недостасуваат најмногу до 18 месеци до условите за старосна пензија, надоместокот се исплаќа до вработување или до настанување на некоја од основите за престанок на правото. За овие лица, кои се жени над 60 години и 6 месеци или мажи над 62 години и 6 месеци, паричниот надоместок се исплаќа без придонеси за пензиско и инвалидско осигурување.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) невработеност паричен надоместок

Промовирани огласи »

Потрошувачки кредит од УНИБанка до 2.000.000 денари со поволна и фиксна камата

Финансиска слобода? Со УНИБанка добиваш до 2.000.000 денари по поволни услови!

Сакате да го реновирате домот, да купите автомобил и да одите на посакуваната дестинација, а вашата плата не може да го покрие ова задоволство. Има решение! УНИБанка овозможува потрошувачки кредит наменет за ваквите потреби.

Можете да аплицирате онлајн, без жиранти, и брзо и едноставно да дојдете до сумата која ќе ви овозможи да се радувате на работите кои ви значат.

Потрошувачкиот кредит на УНИБанка е до 2.000.000 денари расположливи средства, по поволна каматна стапка почнувајќи од 4,5%, за целиот период на отплата, без жиранти.

Дизајниран е да ви помогне да управувате со поголеми трошења или инвестиции без непосреден товар врз вашиот паричник. Нема скриени трошоци, а постапката е транспарентна.

Со потрошувачкиот кредит на УНИБанка, можете да го започнете долго очекуваното реновирање во домот, да купите добра за кои отсекогаш сте сонувале или едноставно да ги консолидирате постоечките долгови. Разбирањето на сопствените потреби може да ви помогне да донесувате подобри финансиски одлуки, а со вистинските алатки, како што е потрошувачкиот кредит на УНИБанка, да постигнете совршен баланс меѓу уживањето денес и планирањето за утре. 

УНИБанка е динамична и современа дигитална банка, која ги разбира потребите на младите луѓе, нивните лични потреби и очекувања, нудејќи продукти и услуги како би им овозможила остварување на соништата и максимални животни постигнувања.

Затоа не ги одложувајте вашите планови и потреби поради недостаток на финансиски средства.

Тагови: HR УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Авто-школите удрија со нови цени: Возачка дозвола станува луксуз за многумина

За да станете возач сега ви требаат над 33.000 денари

Од 1 ноември стапија во сила нови, значително повисоки цени за обука во авто-школите во Македонија. Здружението на авто-школи донесе одлука за поскапување од 35%, со што комплетната обука за Б категорија се зголеми од 24.500 на 33.000 денари, односно за 8.500 денари.

Колку чини да станете возач?

Според новите ценовници, основната обука за Б категорија вклучува:

  • Теоретска настава (20 часа): 4.500 денари
  • Практична настава (36 мото часа): 28.500 денари
  • Три посети на полигон: 250 денари по час
  • Користење возило за прв и втор практичен испит: 1.500 денари за секое полагање
  • Дополнителен час за возење: 1.000 денари
  • Лекарско уверение: 1.200 денари

Во зависност од брзината на напредокот, вкупната сума може да ја надмине и границата од 36.000 денари.

Цени и за другите категории

Слични корекции има и кај останатите категории:

  • А категорија: 24.000 денари
  • БЕ категорија: 15.000 денари
  • Ц категорија: 32.000 денари
  • ЦЕ категорија: 25.000 денари
  • Д категорија: 40.000 денари

Дополнителните часови чинат до 2.000 денари, а користењето на возило за испит се наплаќа различно – на пример, 2.400 денари за А категорија, 2.000 денари за Ц категорија, 2.500 денари за ЦЕ.

Авто-школите: „Трошоците нѐ принудија на ова“

Сопствениците на авто-школите велат дека цената не е менувана повеќе од една деценија, а трошоците за работа драматично пораснале.

Веќе неколку години обучуваме возачи за 24.500 денари, но растат трошоците за гориво, сервисирање, одржување и техничка опрема. Главен проблем се трошоците кои што растат,  ја оправдуваат својата одлука авто-школите.

Младите револтирани: „Станува луксуз да се стане возач“

Младите кои се подготвуваат за полагање велат дека новите цени сериозно го оптоваруваат семејниот буџет.

Велат дека за да земат обука и да полагаат треба да подигнат кредит затоа што сумата е и претерано висока.

Тагови: возачка дозвола цени авто-школите

Промовирани огласи »

Еве каде загаденоста е највисока денес во Македонија

Погледнете кои македонски градови денес се со најголема концентрација на ПМ10 честички според најновите податоци.

Најновите мерења на ПМ10 честички покажуваат дека највисоко ниво на загадување денес е измерено во Кавадарци со вредност од 174, што спаѓа во категоријата многу висока концентрација на честички. Потоа следуваат Струмица со 112 и Гостивар со 90, каде исто така е регистрирано покачено загадување.

Во останатите градови состојбата е подобра: во Тетово се измерени 87, Гевгелија 66, а Скопје 51, додека концентрациите се најниски во Охрид (23) и Лазарополе (8). Граѓаните се препорачуваат да бидат внимателни, особено во градовите со поголемо загадување.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 09ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

14µg/m3Ректорат
11µg/m3Лисиче
6µg/m3Миладиновци
4µg/m3Центар
2µg/m3Карпош
2µg/m3Гази Баба

Македонија

51µg/m3Кавадарци
44µg/m3Струмица
30µg/m3Гевгелија
13µg/m3Гостивар
11µg/m3Битола
9µg/m3Велес
8µg/m3Тетово
8µg/m3Кичево
6µg/m3Куманово
6µg/m3Охрид
0µg/m3Лазарополе
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »