Промовирани огласи »

Поскапуваат дизелот и бензините

Од полноќ нови цени на бензинските.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%.

Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 18.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,188 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,726 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

HR трендови: Еден збор во мејлот може да ја намали продуктивноста

Колку „итноста“ всушност ја забавува работата?

Во современото работно опкружување, зборот „ASAP“ („што е можно побрзо“) стана речиси секојдневие. Е-пошта, пораки и задачи со ознака „итно“ често пристигнуваат една по друга, создавајќи чувство дека секоја задача мора да биде завршена веднаш.

Но, што се случува кога сè е итно?

Токму тука се појавува парадоксот: постојаното забрзување на работното темпо не значи нужно и поголема продуктивност. Напротив, постојаните прекини и менувањето на приоритетите можат да ја намалат концентрацијата, квалитетот и ефикасноста на вработените.

Според анализата објавена од HR Dive, културата во која секоја задача е „ASAP“ може да создаде таканаречена „лажна итност“ ситуација во која вработените постојано реагираат на најновото барање, наместо да се фокусираат на задачите што навистина имаат најголемо деловно значење.

Секогаш зафатен ≠ секогаш продуктивен

Еден од најголемите проблеми е постојаното префрлање од една задача на друга. Кога вработениот работи на важен проект, а во меѓувреме пристигнуваат пораки, повици и нови „итни“ барања, концентрацијата се нарушува.

Резултатот може да биде:

  • Повеќе грешки;
  • Подолгo време за завршување на задачите;
  • Намален квалитет на работата;
  • Поголем ментален замор;
  • Чувство дека работникот цел ден работи, но ништо не завршува.

Особено проблематично е кога брзината на одговорот се вреднува повеќе од квалитетот на резултатот.

Што можат да направат HR тимовите?

HR има важна улога во создавањето култура во која итноста има јасна дефиниција.

Компаниите можат да воведат едноставна поделба на приоритетите, на пример:

P1 – Итно: задача што има директно влијание врз клиент, приход, безбедност или критичен рок.

P2 – Важно: задача што треба да се заврши во текот на денот или следниот работен ден.

P3 – Редовно: задача што може да се планира во текот на неделата.

На овој начин, „ASAP“ престанува да биде автоматска ознака за секое барање и станува вистинска категорија за приоритет.

Лидерите треба да го постават примерот

Ако менаџерите испраќаат пораки со „итно“ за секоја задача, вработените природно ќе развијат чувство дека мора постојано да бидат достапни.

Добрата лидерска практика не е да се бара постојана достапност, туку да се создаде јасен систем на приоритети.

Наместо: „Ми треба ова ASAP.“

Подобро е: „Ова е приоритет за денес затоа што влијае на X. Може ли да биде готово до 15:00?“

Разликата е мала во комуникацијата, но огромна во организацијата на работата.

Најважната HR лекција

Компаниите не треба да се стремат кон тоа вработените да бидат постојано зафатени, туку ефикасни во она што навистина е важно. Кога сè е приоритет, всушност ништо не е приоритет. Затоа, наместо култура на „ASAP“, современите организации треба да градат култура на јасни очекувања, реални рокови, добро дефинирани приоритети и фокусирана работа.

На крајот, вистинската продуктивност не се мери со тоа колку брзо сме одговориле на последната порака, туку колку вредна работа сме успеале квалитетно да завршиме.

Прочитајте и за: Флексибилната работа повеќе не е само бенефит: Како Phoenix Group создаде култура во која вработените имаат поголем избор

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Пензионерите може да се опуштат! Во септември ново покачување на пензиите

Септемвриската пензија која ќе биде исплатена во октомври ќе биде повисока, а властите најавуваат дека ова зголемување треба да донесе олеснување за највозрасната категорија граѓани.

Септемвриската пензија која ќе биде исплатена во октомври ќе биде повисока. Властите најавуваат дека ова зголемување треба да донесе олеснување за највозрасната категорија граѓани. 

Покачувањето овојпат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања.

По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога пензиите се зголемуваа за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално. Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентично зголемување во денари – повисоката пензија ќе значи и поголем износ на покачувањето.

Точниот процент сè уште не е официјално утврден, бидејќи за конечната пресметка треба да бидат познати релевантните економски показатели.

Од септември 2024 до март 2026 година, според податоците на Фондот на ПИОМ, вкупното линеарното зголемување изнесувало околу 7.000 денари месечно. 

Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, порачаа неодамна од ВМРО ДПМНЕ. 

Тагови: пензионери ПИОМ повисоки пензии

Промовирани огласи »

Подгответе се за пеколна жештина: Еве кога е најопасно да бидете надвор

Жештината пристигнува во полна сила: Овие часови избегнувајте ги!

Денес нè очекува многу топол и сончев ден, со температури кои може да достигнат околу 37°C.

Најтоплиот дел од денот се очекува од 11:00 до 17:00 часот, па доколку можете, избегнувајте подолг престој на директно сонце во овој период.

Пијте доволно вода, носете лесна облека и користете заштита од сонце. Ако мора да бидете надвор сенката нека ви биде најдобар пријател денес!

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

13.10.2026 Вторник   10° / 13° 08:43   20:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h






11°
11°
10°
11°
11°
12°
12°
12°
13°
13°
13°
12°
12°
11°
11°
11°
11°
11°

3

3

3

3

4

4

4

5

5

5

5

4

3

4

4

4

4

4
14.10.2026 Среда   9° / 16° 08:44   19:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
11°
11°
11°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
11°
12°
13°
13°
15°
16°
16°
15°
13°
11°
10°
9°
9°

5

5

5

5

6

5

5

5

5

5

5

5

6

5

5

5

5

5

5

3

3

4

4

4
15.10.2026 Четврток   4° / 18° 08:46   19:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
8°
7°
6°
5°
5°
4°
4°
4°
4°
7°
11°
13°
15°
16°
17°
18°
18°
17°
16°
14°
13°
11°
11°
11°

4

3

3

3

3

3

3

3

4

4

3

3

4

5

5

5

5

5

4

3

3

3

3

3
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »