Промовирани огласи »

ОД 7.783 ДО 21.500 ДЕНАРИ: Колку пораснаа пензиите во Македонија за една деценија?

Од 7.783 до 21.500 денари за десет години: најниските пензии бележат најголем процентуален раст, но инфлацијата и трошоците за живот ја менуваат реалната слика.

Минималната пензија во Македонија за десет години пораснала од 7.783 на околу 21.500 денари, што претставува зголемување од приближно 176 проценти, покажува анализата на финансискиот магазин „Пари“. Раст е забележан и кај просечните и кај највисоките пензии, но процентуално најголемото зголемување е кај пензионерите со најниски примања.

Во истиот период, просечната пензија се зголемила од нешто над 13.000 на близу 29.000 денари, односно за околу 120 проценти. Највисоката пензија, пак, пораснала од околу 38.000 на над 97.000 денари, што е раст од повеќе од 150 проценти. Според анализата, значајна улога во ова движење имале и линеарните покачувања, кои процентуално имаа поголем ефект врз оние со пониски пензии и придонесоа за намалување на јазот меѓу најниските и највисоките примања.

Сепак, номиналниот раст не значи и автоматски подобар животен стандард. Иако пензиите значително се зголемија, односот меѓу просечната пензија и просечната плата денес е нешто понеповолен отколку во 2016 година, кога просечната пензија изнесувала околу 59 проценти од просечната плата. Од друга страна, минималната пензија денес е значително поблиску до минималната плата, но за реалната куповна моќ на пензионерите клучни остануваат инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

Тагови: Македонија пензии

Промовирани огласи »

Од полноќ пониски цени на горивата: Дизелот поевтинува за 3 денари

Нови цени на горивата во Македонија од полноќ – поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови, пониски малопродажни цени на горивата, со намалување кај бензините, дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Според новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 1,50 денари по литар.

Со тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 98,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 100,50 денари за литар. Поголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија цена се намалува за 3,00 денари по литар и од полноќ ќе изнесува 97,00 денари за литар.

За 3,00 денари по литар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), па новата цена ќе биде 108,50 денари за литар. Кај Мазутот М-1 НС намалувањето изнесува 0,285 денари по килограм, со што новата цена ќе биде 49,597 денари за килограм.

Тагови: дизел Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Нови кариерни можности во ВДЛ Бус Македонија!

Најнови огласи за работа во ВДЛ Бус Македонија!

ВДЛ Бус Македонија е дел од реномираниот белгиски производител на автобуси Van Hool, со децениско искуство и традиција во изработката на висококвалитетни возила за јавен транспорт. Компанијата е стратешки лоцирана во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во индустриската зона Бунарџик, општина Илинден.

Со современи производствени капацитети и технолошки напреден процес, Ван Хоол Македонија претставува еден од најважните странски инвеститори во земјата, обезбедувајќи стабилни работни места за стотици вработени. Главната дејност на компанијата е производство на различни типови автобуси – градски, меѓуградски и туристички, кои се пласираат на светскиот пазар.

Моментално вработува:

Техничари за греење, вентилација и климатизација
Столар
Припремач
Оператор за нанесување на силикон
Мешач на бои

Присуството на ВДЛ Бус Македонија претставува пример за успешно странско вложување, кое комбинира европско инженерство со локален потенцијал, истовремено придонесувајќи за економскиот развој на регионот и за јакнење на македонската индустриска база.

Сите останати активни позиции на ВДЛ Бус Македонија  можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ВДЛ Бус Македонија Дооел

Промовирани огласи »

А1 WayUp 2026: 14 практиканти стекнуваат прво платено професионално искуство во А1 Македонија

Од практикант до професионалец: 14 млади ја започнуваат својата кариера во А1 Македонија!

Практикантската програма на А1 Македонија продолжува да ги поврзува младите со работната средина, овозможувајќи им да го применат своето знаење, да учат од искусни колеги и да се вклучат во реални проекти.

Четиринаесет млади луѓе годинава се дел од А1 WayUp, практикантската програма на А1 Македонија. Со различни интереси и професионални амбиции, тие добиваат можност да ја запознаат работата во компанијата, да стекнат практично искуство и да направат појасен избор за натамошниот развој на својата кариера.

Првото работно искуство често е пресудно за тоа како младите ќе ги препознаат своите способности и ќе ги постават своите професионални цели. Затоа, А1 WayUp е осмислена како програма во која учењето оди заедно со конкретна работа и поддршка од колегите. Практикантите се вклучуваат во секојдневните активности на тимовите, добиваат задачи и имаат простор да поставуваат прашања, да предлагаат решенија и да учат од повратните информации.

Програмата нуди шестмесечна платена пракса со полно работно време и е наменета за млади кои се при крај со студиите или веќе ги завршиле. За нив, ова е можност да го надградат академското знаење и да видат како изгледа неговата примена во професионална средина.

„Кога си на почетокот на кариерата, не очекуваш да ги имаш сите одговори. Потребни ти се можност да пробаш, колеги од кои можеш да учиш и чувство дека твојата работа има вредност. Тоа сакаме да го добијат младите преку А1 WayUp. Годинава имаме 14 практиканти и за нас е важно тие да се чувствуваат како дел од тимот, да бидат вклучени и да можат слободно да ги споделуваат своите идеи. И ние учиме од нив , од прашањата што ги поставуваат и од начинот на кој размислуваат. Би сакале по завршувањето на праксата да имаат повеќе знаење, поголема самодоверба и појасна претстава за тоа што сакаат да работат“,вели Стефан Јовановски, директор на Оддел за човечки ресурси и култура во А1 Македонија.

Со А1 WayUp, компанијата продолжува да вложува во развојот на младите и да им овозможува професионално искуство во земјата. Овогодишните 14 практиканти се дел од таа приказна — со можност да учат, да придонесуваат и да изградат добра основа за она што следува во нивната кариера.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »