Асистент во градежна фирма

Објавенпред еден час
Активен до26.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtheheadhunter.com
За компанијата

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Job Good! Life Good!

Во The HeadHunter Group веруваме дека успешните кариери и успешните бизниси започнуваат со вистинските луѓе. Со присуство на Балканот, Кипар, Грција и Соединетите Американски Држави, се специјализираме за услуги од областа на регрутација и директно пребарување на кадри, поврзувајќи го врвниот талент со амбициозните организации.

Нашиот пристап се темели на доверба, брзина, познавање на пазарот и долгорочни односи, помагајќи им и на кандидатите и на компаниите да ги остварат своите цели.

За наш клиент, компанија од областа на градежништвото, фокусирана на развој и продажба на квалитетни станбени единици, бараме мотивиран и организиран Асистент кој ќе биде поддршка во секојдневното работење и ќе придонесе кон успешното позиционирање на тековните проекти на пазарот.

За позицијата:
Бараме организирана и комуникативна личност која ќе ги комбинира административните задачи со работа со клиенти и промоција на деловни единици на социјалните медиуми.

Што ќе работите:

  • Водење и евидентирање на влезни и излезни фактури
  • Водење деловодник и архива на документација
  • Основни административни и канцелариски задачи
  • Одење во УЈП и други институции по потреба, за завршување на административни обврски
  • Придружување на клиенти и професионално претставување на објектите
  • Креирање видео содржини од недвижностите и деловните единици и нивно објавување на социјалните мрежи (Instagram и Facebook)

Критериуми за работа:

  • Познавање на работа со влезни и излезни фактури и деловодник
  • Познавање на социјални мрежи и креирање видео содржина
  • Возачка дозвола Б категорија (задолжително)
  • Комуникативност, организираност и самоиницијатива

Нудиме:

  • Динамична работна средина и можност за професионален развој
  • Бонуси од остварена продажба
  • Надомест за гориво 

Сите апликации се третираат со целосна доверливост. The HeadHunter Group обезбедува еднакви можности без оглед на пол, возраст, националност, вера или кое било друго лично својство.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе