Пакувач

Објавенпред 6 часа
Активен до10.12.2026
ПозицијаМагационер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаspecijal.com.mk
За компанијата

Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност. Ние сме повеќе... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Пакувач 

Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од одговорни и мотивирани кандидати за работното место Пакувач 

Доколку сте прецизни, одговорни и подготвени за работа во динамична производствена средина, ве покануваме да станете дел од нашиот тим.

Работни задачи и одговорности:

  • Пакување на пекарски и слаткарски производи согласно утврдените стандарди.
  • Проверка на квалитетот и изгледот на производите пред пакување.
  • Правилно означување и деклараирање на производите.
  • Подготовка на производите за испорака кон продавници и коминтенти.
  • Одржување на хигиената и чистотата на работното место и работната опрема.
  • Почитување на процедурите за безбедност на храната, хигиена и безбедност при работа.
  • Ракување со амбалажа и материјали за пакување.
  • Пријавување на евентуални неправилности или оштетувања на производите.
  • Соработка со производствениот тим за навремено исполнување на дневниот план за производство.

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование.
  • Претходно работно искуство во производство или пакување ќе се смета за предност, но не е задолжително.
  • Подготвеност за работа во ноќна смена.
  • Способност за работа во динамична средина.

Личен профил:

  • Одговорност и дисциплина.
  • Прецизност и внимание на детали.
  • Брзина и ефикасност при извршување на работните задачи.
  • Тимски дух и добра комуникација.
  • Лојалност и професионален однос кон работата.

Што нудиме:

  • Редовен работен однос.
  • Конкурентна плата со додаток за ноќна работа.
  • Обезбеден оброк.
  • Попуст за услуги во приватна здравствена установа.
  • Обуки и можност за професионален развој.
  • Пријатна и стабилна работна средина.
  • Континуиран фидбек и можност за напредување.

Како да аплицирате?

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од Специјал Продукт Дооел

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе