Промовирани огласи »

Семос Едукација започнува со „Tech Talks“, првиот настан посветен на сајбер безбедноста

#1 Tech Talks Погледни ја безбедноста низ очите на сајбер експертите - Семос Едукација

Скопје, 22.09.2026  – Семос Едукација започнува нов серијал отворени настани под името „Tech Talks“, замислен како простор за директна средба и разговор со професионалци од различни области на ИТ индустријата. Првото издание, „Погледни ја безбедноста низ очите на сајбер експертите“, ќе се одржи на 22 септември 2026 година, во 18:00 часот, во Семос Едукација во Скопје. Настанот е отворен за сите заинтересирани, а влезот е бесплатен со претходна регистрација.

Првиот „Tech Talks“ ќе биде посветен на една од најактуелните теми во технолошкиот свет – сајбер безбедноста. Сајбер нападите, заштитата на податоците и безбедноста на дигиталните системи одамна не се прашања резервирани само за ИТ секторот. Тие се дел од секојдневното функционирање на компаниите и институциите, а со тоа расте и потребата од професионалци кои можат да ги препознаат ризиците, да ги заштитат системите и да одговорат на сè посложените безбедносни предизвици.

Настанот е наменет пред сè за средношколци, студенти и сите кои се заинтересирани за градење кариера во ИТ и сајбер безбедноста. Во формат на панел-дискусија, професионалци од индустријата ќе зборуваат за тоа како навистина изгледа работата во оваа област, кои знаења и вештини се потребни, со какви предизвици се соочуваат во пракса и какви можности за професионален развој нуди секторот.

На панелот ќе учествуваат Драган Шахпаски, CTO во Sorsix, Јане Мирчески, Managing Director во Tessa Sec Skopje, Ивица Ѓорѓевски, Information Security Officer во Стопанска банка АД Скопје, Марјан Стоилковски, Head of IT Security во НЛБ Банка и Димитар Богатинов, инструктор за EC-Council програмите во Семос Едукација и редовен професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје.

Низ разговорот, петтемина професионалци ќе ги отворат прашањата што најчесто ги интересираат оние кои размислуваат за кариера во сајбер безбедноста: од каде се започнува, кои знаења и вештини денес ги бараат компаниите, кои се различните кариерни насоки и како изгледа работата во оваа област во пракса. Ќе се разговара и за актуелните трендови и безбедносни предизвици, како и за можностите за влез и понатамошен развој во индустријата.

Посебен дел од настанот ќе биде посветен на директна комуникација со публиката, која ќе има можност да поставува прашања до панелистите и од прва рака да слушне искуства што тешко можат да се добијат преку опис на работна позиција или пребарување на интернет. Идејата е младите кои размислуваат за оваа професија да добијат пореална слика за неа – не само за можностите што ги нуди, туку и за знаењето, континуираното учење и одговорноста што ги бара.

Со „Tech Talks“, Семос Едукација отвора нов формат преку кој актуелните теми од ИТ индустријата ќе ги доближува до младите и до сите кои сакаат подобро да ги разберат професиите и промените што го обликуваат технолошкиот сектор. Серијалот ќе продолжи и со други теми, со иста идеја, разговорот за технологијата да се води со луѓето кои секојдневно ја создаваат, применуваат и развиваат.

Пријави се ТУКА.

Тагови: Семос Едукација

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Охрид!

Огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Web researcher/Data analyst - Охрид
Касиери/ки - Охрид
Асистент на продажба - Охрид
Фармацевтски техничар со уверение - Охрид
Продажен персонал - Охрид

Сите останати работни позиции од Охрид ќе ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Битола!

Промовирани огласи »

Данска отвора врата за македонски работници од 2027: Плата околу 43.000 евра годишно

Нова шанса за работа во странство: од 1 јануари 2027 година, Данска ќе им овозможи на македонските граѓани полесен пристап до пазарот на труд преку нова програма со минимална годишна плата од околу 43.000 евра.

Македонските граѓани ќе добијат нова можност за вработување во Данска од 1 јануари 2027 година, кога ќе стартува програмата „Деловна шема заснована на колективен договор“. Со неа, квалификувани дански компании ќе можат да вработуваат работници од 16 земји надвор од Европската Унија, а меѓу нив е и Македонија. Целта на мерката е да се олесни пристапот на странските работници до данскиот пазар на труд.

Сепак, не секоја компанија ќе може да ангажира странци преку новиот систем. Работодавачите ќе мора да добијат сертификат од Данската агенција за меѓународно вработување и интеграција (SIRI), да работат најмалку две години, да имаат најмалку десет вработени со полно работно време во Данска, како и важечки колективен договор и соодветна деловна документација. Дополнително, компаниите не смеат да имаат сериозни работни спорови, институционални налози или неодамнешни казни поврзани со недоволно плаќање на странски работници.

Еден од најважните услови за идните кандидати е минималната годишна плата од 322.000 дански круни, што е приближно 43.000 евра годишно, односно околу 3.580 евра месечно во бруто-износ. Овој праг е значително понизок од постојната данска шема за плати, каде минималниот услов за 2026 година изнесува околу 69.800 евра годишно. Со новите правила, Данска отвора дополнителен канал за вработување работници надвор од ЕУ, а Македонија е меѓу земјите што ќе можат да ја искористат оваа можност.

Тагови: Данска работници

Промовирани огласи »

Словенија најави укинување на деветолетката по историски слабите резултати на ПИСА 2025

По најлошите ПИСА резултати досега, Словенија тргнува во голема образовна реформа: од 2028/2029 постепено ќе се воведува осумгодишно основно образование.

Словенија подготвува голема реформа на образовниот систем, откако резултатите од меѓународното тестирање ПИСА 2025 ги покажаа најслабите постигнувања на учениците досега. Министерот за образование, наука и млади, Борут Рончевиќ, најави укинување на деветгодишното основно образование и постепено воведување осумгодишен модел од учебната 2028/2029 година, оценувајќи дека состојбата е „многу лоша“, а трендот „катастрофален“.

Реформата предвидува построги критериуми за оценување, зајакнување на работната етика, растеретување на наставните програми и поголем акцент на разбирањето на материјалот, како и дополнителна поддршка за талентираните ученици. Според објавените податоци, словенечките ученици паднале под просекот на ОЕЦД во математичка и читачка писменост, додека по природни науки се движат околу просекот. Во математика основното ниво го достигнале 65 проценти од учениците, а во читање 64 проценти, наспроти 69 проценти просек на ОЕЦД.

Како причини за негативниот тренд се посочуваат прекумерната употреба на дигитални уреди, нарушувањата во наставата и намалената концентрација, при што податоците покажуваат дека 48 проценти од учениците користат алатки со вештачка интелигенција за изработка на задачи. Дополнителен проблем е и недостигот од наставен кадар: само 17,5 проценти од учениците посетуваат училишта чии директори не го сметаат недостигот од наставници за пречка. Од Синдикатот за воспитание, образование, наука и култура на Словенија оценуваат дека слабите резултати се последица на повеќегодишно занемарување и недоволно системско вложување во образовниот кадар.

Тагови: ПИСА Словенија ученици

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »