За компанијата
„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 34 години. Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте. Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме. Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чoвечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!
Вработуваме:
Продавач/Касиер – Скопје
Вашите работни задачи ќе вклучуваат:
- Активна комуникација и професионално услужување на купувачите;
- Презентација и продажба на производи;
- Советување на купувачите согласно нивните потреби и барања;
- Запознавање на купувачите со карактеристиките, намената и начинот на користење на производите;
- Предлагање соодветни производи и дополнителна опрема;
- Следење и остварување на поставените продажни таргети;
- Грижа за правилната изложеност, уредност и означување на производите;
- Следење на залихата и учество во попис на стоки;
- Грижа за уредноста и чистотата на продажниот простор.
- Работа на каса; (наплата на производи, изготвување и средување на документација поврзана со работа на каса)
Доколку сте:
- Комуникативни, љубезни и услужливи;
- Енергични и мотивирани за продажба;
- Одговорни, внимателни и посветени во работењето;
- Заинтересирани за производи поврзани со градина, двор и уредување на надворешен простор;
- Подготвени да учите и континуирано да се усовршувате;
- Позитивни и подготвени за тимска работа;
- Фокусирани на потребите и задоволството на купувачите;
Тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме!
Што ви нудиме:
- Редовни месечни примања;
- Професионален работен амбиент;
- Регрес за годишен одмор;
- Минат труд;
- Бонус за препорачан пријател;
- Воведна обука за работниот процес;
- Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015;
- Можност за професионален и кариерен развој;
- Бонусна програма за остварени месечни таргети.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај или на мејлот: [најави се за да го видиш е-маилот] со ознака „Продавач/Касиер - Скопје“.
Можете да не исконтактирате и на телефонските броеви 076/448/505 и 075/234/732 (во период од 08:30 до 16:30 од понеделник до петок)
* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост