Промовирани огласи »

Словенија најави укинување на деветолетката по историски слабите резултати на ПИСА 2025

По најлошите ПИСА резултати досега, Словенија тргнува во голема образовна реформа: од 2028/2029 постепено ќе се воведува осумгодишно основно образование.

Словенија подготвува голема реформа на образовниот систем, откако резултатите од меѓународното тестирање ПИСА 2025 ги покажаа најслабите постигнувања на учениците досега. Министерот за образование, наука и млади, Борут Рончевиќ, најави укинување на деветгодишното основно образование и постепено воведување осумгодишен модел од учебната 2028/2029 година, оценувајќи дека состојбата е „многу лоша“, а трендот „катастрофален“.

Реформата предвидува построги критериуми за оценување, зајакнување на работната етика, растеретување на наставните програми и поголем акцент на разбирањето на материјалот, како и дополнителна поддршка за талентираните ученици. Според објавените податоци, словенечките ученици паднале под просекот на ОЕЦД во математичка и читачка писменост, додека по природни науки се движат околу просекот. Во математика основното ниво го достигнале 65 проценти од учениците, а во читање 64 проценти, наспроти 69 проценти просек на ОЕЦД.

Како причини за негативниот тренд се посочуваат прекумерната употреба на дигитални уреди, нарушувањата во наставата и намалената концентрација, при што податоците покажуваат дека 48 проценти од учениците користат алатки со вештачка интелигенција за изработка на задачи. Дополнителен проблем е и недостигот од наставен кадар: само 17,5 проценти од учениците посетуваат училишта чии директори не го сметаат недостигот од наставници за пречка. Од Синдикатот за воспитание, образование, наука и култура на Словенија оценуваат дека слабите резултати се последица на повеќегодишно занемарување и недоволно системско вложување во образовниот кадар.

Тагови: ПИСА Словенија ученици

Промовирани огласи »

Колку темно чоколадо дневно е доволно?

Еве што велат истражувањата

Темното чоколадо може да биде повеќе од само омилен десерт во умерени количини може да има и одредени придобивки за организмот. Причината се флавоноидите, природни соединенија присутни во какаото, кои имаат антиоксидативни својства и можат позитивно да влијаат врз функцијата на крвните садови.

Сепак, за да се искористат потенцијалните придобивки, важен е изборот на чоколадо. Експертите најчесто препорачуваат темно чоколадо со најмалку 70 проценти какао, бидејќи содржи поголем удел на какао и помалку шеќер во споредба со млечните варијанти.

Околу 28 грама дневно

Кога станува збор за количината, умереноста е клучна. Како разумна дневна порција се наведуваат околу 28 грама темно чоколадо. Тоа е приближно неколку коцки, зависно од големината на чоколадото.

Флавоноидите од какаото се поврзуваат со подобра функција на крвните садови, а дел од истражувањата укажуваат и на можен умерен ефект врз крвниот притисок. Сепак, тоа не значи дека поголема количина чоколадо носи и поголема корист.

Напротив, со зголемувањето на количината се зголемува и внесот на калории, масти и шеќер.

Не секое темно чоколадо е исто

При изборот треба да се обрне внимание на декларацијата. Повисокиот процент на какао генерално значи поголем удел на соединенијата од какаото, но составот на производите може да се разликува.

Дополнително, кај некои производи од темно чоколадо во минатото биле пронаоѓани траги од кадмиум и олово, поради што е важно да се избираат производи од проверени производители и да се консумираат во умерени количини.

Кога треба да се внимава?

Иако темното чоколадо може да биде дел од балансирана исхрана, не е идеално за секого. Какаото природно содржи кофеин и теобромин, па кај почувствителните луѓе поголеми количини може да предизвикаат немир, забрзано чукање на срцето или проблеми со спиењето.

Кај лицата кои имаат проблеми со рефлукс, чоколадото исто така може да ги влоши симптомите.

Затоа, најважно е да се запомни дека темното чоколадо може да биде мал, умерен дел од разновидната и балансирана исхрана, но не треба да се гледа како лек или замена за медицинска терапија.

Тагови: здрава храна здравје темно чоколадо

Промовирани огласи »

Октомври со три неработни денови и два продолжени викенда

Добри вести за граѓаните: октомври носи три неработни денови, а дури два празници создаваат можност за продолжени викенди

Октомври ќе донесе три неработни денови за граѓаните, од кои два ќе овозможат продолжени викенди. Според календарот на празници, месецот нуди повеќе можности за одмор и патувања.

Првиот неработен ден е 11 октомври – Денот на народното востание, кој годинава се паѓа во недела. Согласно законските одредби, како неработен ден ќе се празнува и понеделник, 12 октомври, со што граѓаните ќе добијат продолжен викенд од три дена.

Вториот празник е 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој во 2026 година се паѓа во петок. Тоа значи уште еден продолжен викенд, бидејќи по празникот следуваат сабота и недела. Така, во октомври неработни ќе бидат 11, 12 и 23 октомври.

Тагови: неработни денови продолжен викенд

Промовирани огласи »

„Историски новитет“: Епл го претстави првиот iPhone на преклопување

Apple влегува во нова ера со својот прв преклоплив iPhone — уред што веќе предизвикува огромно внимание кај технолошките ентузијасти ширум светот.

Технолошкиот гигант Apple официјално го претстави својот прв iPhone на преклопување, потег што многумина го оценуваат како историски исчекор за компанијата. Новиот уред носи модерен дизајн и влегување на Apple во сегментот на преклопни паметни телефони, каде досега доминираа други производители.

Според најавите, новиот преклоплив iPhone комбинира иновативна технологија, елегантен изглед и напредни перформанси, со цел да им понуди на корисниците пофлексибилно и поинакво мобилно искуство. Претставувањето веќе предизвика силни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, каде уредот се наметна како една од најкоментираните технолошки теми.

Со овој потег, Apple јасно покажува дека е подготвен да фати чекор со новите трендови и да ја прошири својата понуда во премиум сегментот. Аналитичарите оценуваат дека преклопливиот iPhone може да има значително влијание врз пазарот и да отвори ново поглавје во развојот на паметните телефони.

 

Тагови: Apple iPhone

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »