Промовирани огласи »

Словенија ги олеснува процедурите за признавање на македонските возачки дозволи

Словенија усвои нови измени кои им овозможуваат на Македонците замена на возачките дозволи без полагање на практични испити. Прочитајте повеќе за оваа мерка и нејзиното значење.

Словенечкото собрание усвои измени во Законот за возачи кои овозможуваат на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија да го заменат документот без да полагаат практичен испит, доколку имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во земјата.

Измените важат и за државјаните на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово. Според новите правила, возачите мора да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој, при што нема да полагаат практичен испит, но ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење.

Сандра Газинковски од партијата Слобода, истакна дека целта е отстранување на неоправдани административни пречки. „Тоа е една административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и создава непотребни трошоци,“ изјави таа. Сепак, опозицијата истакна дека промената може негативно да влијае на безбедноста во сообраќајот.

Тагови: возачка дозвола Македонци Словенија

Промовирани огласи »

Лош воздух во Македонија – топ 3 најзагадени града!

Погледнете ги најновите мерења за ПМ10 честички – Гевгелија, Кавадарци и Струмица на врвот денес.

Најновите мерења на ПМ10 честички покажуваат зголемена загаденост во неколку македонски градови. Гевгелија е на првото место со вредност од 112 μg/m³, следена од Кавадарци со 106 и Струмица со 82, сите со високо до многу високо ниво на честички согласно стандардите.

Во останатите градови, Кичево е на 80, Куманово на 60, додека во Скопје концентрацијата е 47, односно нормално. Охрид, Лазарополе и Гостивар имаат најниски вредности под 30. Граѓаните се советуваат да следат ситуациијата и при високи концентрации да ограничат подолги активности на отворено.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

105µg/m3Центар
53µg/m3Карпош
48µg/m3Лисиче
42µg/m3Ректорат
21µg/m3Гази баба
13µg/m3Миладиновци

Македонија

122µg/m3Кавадарци
116µg/m3Прилеп
102µg/m3Гевгелија
74µg/m3Кичево
69µg/m3Куманово
58µg/m3Гостивар
50µg/m3Струмица
48µg/m3Битола
39µg/m3Велес
25µg/m3Охрид
7µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Кариерни лекции што никој не ве учи

Не е до CV-то еве што навистина ве носи напред!

Во училиштата нѐ учат формули, дати и дефиниции но не нѐ учат како да ја градиме сопствената кариера. Повеќето важни лекции ги учиме сами, по пат, понекогаш на потешкиот начин. Еве неколку вистински кариерни сознанија што ретко кој ги кажува гласно, а вредат злато.

1. Никој нема да се грижи за твојата кариера повеќе од тебе

Колку и да имаш одличен менаџер, ментор или тим на крајот, само ти си таа личност што треба да се избори за следниот чекор. Барај можности, не чекај да ти ги дадат.

2. Талентот е важен, но доследноста победува

Не победува најпаметниот, победува оној што не се откажува. Малите, упорни чекори секој ден прават повеќе отколку ретки „експлозии“ на мотивација.

3. Никој не чита долги CV-а, сите бараат јасни резултати

Поентата не е да импресионираш со текст, туку со конкретни проекти и постигнувања што покажуваат што можеш.

4. Грешките не се срам - туку инвестиција

Секој пад е доказ дека си пробал нешто ново. Луѓето што никогаш не грешат, најчесто не се ни движат напред.

5. Вештините за комуникација се еднакво важни како и техничките

Како кажуваш нешто често е поважно од тоа што го кажуваш. Доброто комуницирање ти отвора врати што ни диплома не може.

6. Не мора секогаш да се согласуваш, професионалност не значи тишина

Ако имаш идеја или став, кажи го. Премногу „да, да, во ред е“ држи многу таленти во сенка.

7. Одморот е стратегија, не слабост

Заморот не е херојство. Паметно менаџираниот баланс е тоа што го одржува квалитетот на долги патеки.

Кариерата не е права линија, туку колекција од избори, лекции, ризици и нови почетоци. Колку побрзо прифатиш дека никој нема „совршена формула“, толку побрзо ќе си ја создадеш сопствената. На крајот, најважната лекција е оваа: не се споредувај, туку расти во свој ритам, во своја насока.

Прочитај и за: Пет научно поддржани начини за победа над мрзеливоста

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Дали имате право на К-15 ако сте вработени на определено време?

Според законот за работни односи

Законот за работни односи утврдува дека секој вработен кој има најмалку шест месеци непрекинат стаж кај ист работодавач во тековната година има право на регрес за годишен одмор. Ова право важи и за лица вработени на определено и на неопределено време.

Регресот е директно поврзан со бројот на денови годишен одмор што му следуваат на работникот. Кај ангажман од половина работно време (20 часа неделно), работникот стекнува минимум 10 работни дена одмор, согласно член 48 став 4, а со тоа и половина од полниот износ на регресот.

За лицата вработени со полно работно време (40 часа неделно), годишниот одмор изнесува најмалку 20, а најмногу 26 работни дена (член 137 став 1 и 2), што значи и право на целосната сума на регресот.

Исплатата на регресот треба да се изврши најдоцна до 31 декември во тековната година, а минималниот износ мора да биде најмалку 40% од просечната нето плата исплатена по работник во последните три месеци. За работодавачите кои нема да го испочитуваат ова законско право, предвидени се парични казни до 4.000 евра — при што од 2.000 до 3.000 евра се однесуваат на компанијата, а од 500 до 1.000 евра на одговорното лице.

Тагови: К-15 работнички права определено време

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »