МАГНЕТИК вработува - Соработник за книговодство и администрација
Магнетик, компанија со повеќе од 30 години искуство во модната малопродажба, бара организиран и прецизен колега или колешка за својот тим во Скопје. При воведувањето во работата ќе имате поддршка од нашиот сметководствен тим.
Работни задачи:
- Проверка и книжење на фактури,
- Подготовка на прегледи во Excel,
- Комуникација со банки,
- Комуникација со нашите продажни места, вработените и странските партнери и
- Други тековни административни задачи.
Што очекуваме:
- Основно познавање на сметководството и искуство со книжење или обработка на документи за стока,
- Познавање на Excel, прецизност и организираност,
- Искуство во малопродажба и познавање на PANTHEON се предност.
Ако сакате да го продлабочите своето искуство во книговодство и администрација, ќе ни биде драго да се запознаеме.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со наслов „Книговодство и администрација“.