Промовирани огласи »

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски компании со цел зголемување на отпорноста од сајбер напади.

Целта на овие мерки е зголемување на отпорноста на енергетскиот систем на сајбер напади, заштита на критичната инфраструктура и обезбедување континуирано и сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.

Анализите покажаа дека до 2024 години ниту една компанија немаше имплементирано ниту еден стандард за сајбер безбедност. Некои имаа воспоставено локални политики во оваа сфера, процедури, но тоа не беше доволно за да се следи и паралелно да се надоградува безбедносниот сајбер обрач. Во овој момент две енергетски компании го имплементираа меѓународниот ИСО стандард (систем за управување со безбедноста на информациите), додека три компании се во финална фаза на имплементација. Факт е дека кај приватните компании имплементацијата е полесна, затоа што не се обврзани да распишуваат тендери како јавните претпријатија, посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ кој беше учесник на 3 Конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора.

Со законските измени во 2023 година, РКЕ стана пионер во регионот во воспоставување на правила за сајбер безбедноста, посочи Рамов кој најави дека регулаторната дигитализација ќе продолжи, а следен чекор е воведување на паметни броила.

Законот е на сила, а операторите на пренос и дистрибуција треба да направат анализа за воведување на паметни мерни системи (smart meters). Целта е секој граѓанин сам, преку свој мобилен уред или он-лaјн да следи како оди потрошувачката. Во овој момент се прави техничка анализа. Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена, посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ.

Со цел да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија РКЕ уште во 2023 година во соработка со НАРУК (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и УСАИД донесе Правила за сајбер-безбедност. Со нив, за првпат системски се уредуваат обврските на енергетските субјекти во однос на заштитата на мрежите, информациските и оперативните технологии. Во периодот што претстои овие правила ќе бидат усогласени и со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи што е предуслов за стабилен, сигурен и модерен енергетски систем.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) сметки за струја

Промовирани огласи »

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски извести дека постапката за овие документи е целосно дигитализирана.

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат воопшто да се појават на шалтер на Управата за водење матични книги. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски извести дека постапката за овие документи е целосно дигитализирана.

Што се однесува до услугите од Управата за водење матични книги од денес и тие се целосно мигрирани на националниот портал uslugi.gov.mk што ќе го забрза нивното користење и се целосно дигитални, за разлика од претходно. Тоа значи дека извод од матична книга на родени, од матична книга на венчани, умрени и новата услуга потврда за слободна брачна состојба од денеска се целосно достапни на порталот и со неколку клика граѓаните можат да ги добијат и тие услуги. Тоа ќе значи поголема ефикасност на Управата за водење матични книги и поголема контрола од нас како ресорно Министерство на темпото на издавање на овие документи, рече министерот Андоновски.

Тој заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денес промовираше четири нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. За правните лица, за првпат е овозможена електронска услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување, целосно дигитална и достапна во секое време. Физичките лица, пак, електорнски можат да извадат потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес и  потврда за надоместок на плата за време на привремена спреченост од работа.

Тагови: Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) извод матични книги

Промовирани огласи »

Колку чести одмори се потребни за помалку стрес и подобро здравје?

Одморот како навика, а не како бегство од обврските

Долгорочна меѓународна студија за здравјето и благосостојбата, спроведена меѓу повеќе од 12.000 возрасни лица во девет земји, открива јасна поврзаност меѓу честите одмори и подобрата психофизичка состојба. Луѓето кои почесто одат на одмор имаат пониско ниво на стрес, подобар сон и поголемо задоволство од животот.

Истражувањето покажува дека одморите не мора да бидат долги за да имаат позитивен ефект. Дури и кратки паузи од три до четири дена значително го подобруваат расположението и продуктивноста, а придобивките се чувствуваат и со недели по враќањето на работа. Интересно е што и самото исчекување на патување помага во намалување на стресот и превенција од прегорување.

Според заклучокот на истражувачите, повеќе пократки патувања во текот на годината се поефикасни од еден долг одмор. Редовните „ментални ресети“ не се луксуз, туку неопходност за долгорочно здравје, ментална јасност и подобар работен учинок.

Тагови: годишен одмор ментално здравје слободни денови стрес на работно место

Промовирани огласи »

ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО „РОАМИНГ КАКО ДОМА“ - законските измени објавени на ЕНЕР, во февруари пред пратениците

Граѓаните со нетрпение очекуваат да профункционира

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) објави дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, а како што нагласуваат тоа е со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење мобилни услуги во роаминг во земјите членки на Европската Унија.

Како што соопшти Министерството, земјава веќе е дел од регионалниот договор за роаминг во Западен Балкан, со кој граѓаните користат мобилни услуги во земјите од регионот под услови како дома, без дополнителни роаминг-трошоци.

Со измените и дополнувањата на ЗЕК се создаваат услови за воспоставување јасни правила за ограничување на цените на роаминг услугите, зголемена заштита на корисниците преку транспарентно информирање и механизми за спречување на неочекувано високи трошоци и зајакнување на регулаторната улога на надлежните институции во областа на електронските комуникации, укинување на трошоците за роаминг при патување во земјите на ЕУ, зголемена правна сигурност и предвидливост на цените и олеснет пристап до дигитални услуги, е-услуги и мобилна комуникација во странство - стои во соопштението.

Од Министерството додаваат дека со предложените измени се врши усогласување со: Директива (ЕУ) 2018/1972 за донесување на Европски законик за електронски комуникации; Регулатива (ЕУ) 2022/612 за роаминг во јавни мрежи за мобилна комуникација во рамките на Унијата; Регулатива (ЕУ) 2016/2286 за фер користење и методологија за процена на одржливоста на укинувањето на дополнителните роаминг-надоместоци; Делегирана регулатива (ЕУ) 2021/654 за единствена максимална цена за завршување говорни повици во мобилни и фиксни мрежи; Регулатива (ЕУ) 2018/1971 за основање на Телото на европските регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК) и Канцеларијата на БЕРЕК.

Министерството очекува дека Владата ќе го утврди текстот на законот до крајот на месецот, а во февруари тој ќе се најде во собраниска процедура и ќе биде усвоен.

Со овој чекор, Министерството за дигитална трансформација и Владата ги исполнуваат условите за постигнување на исти трошоци за повици, пораки и интернет пакети за македонските граѓани, кога тие патуваат или престојуваат во ЕУ. По ова, ќе следува донесување на три подзаконски акти од Агенцијата за електронски комуникации, по што сите овие активности ќе бидат споделени со Европската комисија на нивна валидација.

На овој начин, додваат оттаму, македонските граѓани ќе ги уживаат придобивките од единствената европска роаминг зона, без дополнителни непредвидени давачки и трошоци, на ист начин како граѓаните на ЕУ.

Текстот на предлог-законот е објавен на платформата ЕНЕР каде што сите заинтересирани страни ќе можат да достават коментари и предлози, документите се достапни на следниот линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=116080. - се наведува во соопштението на МДТ испратено до медиумите. 

Тагови: ЕУ роаминг Законот за електронски комуникации (ЗЕК)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »