Промовирани огласи »

Во Јапонија е отворен уникатен бар наменет за луѓе кои размислуваат да ја напуштат својата работа. Овој необичен концепт, познат како „Tenshoku Sodan Bar“, се наоѓа во Јокохама и нуди опуштена атмосфера каде посетителите можат искрено да разговараат за своите кариерни дилеми. Наместо класично советување во канцеларија, тука разговорите се водат во неформална средина – со пијалак во рака и без притисок за донесување брза одлука.

Она што го прави овој бар посебен е фактот што пијалоците се целосно бесплатни, а „бармените“ всушност се професионални советници за кариера. Тие им помагаат на посетителите да зборуваат за стресот на работа, незадоволството од работното место или можностите за промена на кариерата. Целта е луѓето да се чувствуваат доволно опуштено за искрено да ги споделат своите грижи и дилеми.

Интересно е што голем дел од посетителите не доаѓаат затоа што веќе донеле одлука да дадат отказ, туку затоа што сакаат подобро да ја разберат својата ситуација и да ги средат мислите. Разговорите најчесто траат околу еден час и се одвиваат во приватна и доверлива атмосфера, што им овозможува на луѓето без страв да зборуваат за својата кариера и идни планови.

Тагови: давање отказ Јапонија работни вештини Tenshoku Sodan Bar

Промовирани огласи »

Вработување во Студио Модерна!

Пронајди го своето работно место во Студио Модерна!

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународна компанија која повеќе од две децении успешно работи во областа на продажба на иновативни производи за домаќинство, здравје, фитнес и удобност во секојдневниот живот. Компанијата е препознатлива по своите популарни брендови и решенија кои го подобруваат квалитетот на животот на потрошувачите.

СТУДИО МОДЕРНА функционира како динамична компанија која нуди модерни решенија преку различни продажни канали – онлајн продажба, телевизиска продажба, кол центри и малопродажни места. Компанијата постојано инвестира во развој на своите тимови, технологија и подобрување на корисничкото искуство.

СТУДИО МОДЕРНА е позната по својата корпоративна култура која ги поттикнува иновациите, тимската работа и професионалниот развој. Вработените имаат можност да работат во динамична и интернационална средина, каде се вреднуваат новите идеи, иницијативноста и посветеноста.

Моментално вработува:

Овластен сметководител - одговорен на секторот финансии
Супервизор на продажен тим
Агент за малопродажба - Струга

Доколку сакате да станете дел од успешен и амбициозен тим, проверете ги актуелните огласи за вработувањ и пронајдете го вашето идно работно место на KARIERA.mk. 

Тагови: СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

За 10 дена 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 возач

Над 150 возачи завршиле во полициска станица

Во периодот од 01.03.2026-10.03.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 151 лице, од кои 32 за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, три за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, 50 за возење без возачка дозвола, 12 поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 53 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите 10 дена од месец март евидентирани се 1.477 прекршоци за неправилно паркирање, како и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 67 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 79 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 25 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Тагови: казни полициски службеници Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот

Ноќта меѓу сабота и недела стрелките се поместуваат еден час напред. Експертите советуваат како побрзо да се приспособите и да го намалите заморот.

Ноќта меѓу сабота и недела, на 29 март, точно во 2 часот по полноќ, часовниците ќе се поместат на 3 часот, со што официјално почнува летното сметање на времето. Тоа значи еден час помалку сон, но и подолги денови и повеќе светлина во вечерните часови. Иако правилото „напролет стрелките одат напред“ е добро познато, многумина секоја година тешко се приспособуваат на оваа промена, бидејќи циркадијалниот ритам – внатрешниот биолошки часовник – не може веднаш да се усогласи со новото време.

Експертите предупредуваат дека токму затоа првиот понеделник по промената често носи замор, поспаност, намалена концентрација и променливо расположение. За полесна адаптација, советуваат времето за легнување да се помести 15 до 20 минути порано уште во четврток и петок, наместо да се чека последниот момент. Дополнително, утринската природна светлина може значително да помогне телото побрзо да го прифати новиот ритам, а денот е препорачливо да почне со чаша вода, по можност млака и со лимон, пред првото кафе.

Неделата кога се менува времето, според препораките, треба да помине што е можно помирно, без премногу обврски и стрес. Иако промената на стрелките со години предизвикува дебати, бидејќи денес енергетските заштеди се сметаат за ограничени, многумина сепак ја гледаат добрата страна: подоцнежно заоѓање на сонцето, повеќе време за прошетки, престој во природа и чувство дека пролетта конечно пристигнала.

Тагови: летното сметање на времето биоритам

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »