ГЕОСПЕЈШЛ НЕТ ДООЕЛ има потреба од ГИС специјалист за работа со просторни податоци и техничка документација за телекомуникациски и инфраструктурни проекти.
Бараме одговорна, трпелива и прецизна личност со логичко размислување, внимание на детали и желба за учење.
Работата вклучува бработка и проверка на податоци според утврдени процедури и повремени теренски посети.
Работни задачи и одговорности
- Обработка, уредување и ажурирање на просторни податоци во QGIS.
- Проверка, прочистување и усогласување на податоци од различни извори.
- Проверка на точноста, комплетноста и топологијата на просторните податоци.
- Изработка и ажурирање на дигитални карти, планови и техничка документација.
- Конверзија и подготовка на податоци во различни формати.
- Учество во планирање на FTTH/FTTx телекомуникациски мрежи, во зависност од потребите на проектот.
- Работа со PDF документација во Adobe Acrobat.
- Повремени теренски посети за проверка и прибирање податоци.
- Соработка со останатите членови на тимот.
Потребни квалификации и способности
- Практично познавање на QGIS – задолжително.
- Добро познавање на англиски јазик.
- Познавање на Microsoft Excel и Word.
- Добри компјутерски вештини и способност за брзо совладување нови алатки и работни процеси.
- Развиено логичко и аналитичко размислување.
- Прецизност, систематичност и внимание на детали.
- Трпение и концентрација при извршување повторувачки задачи.
- Одговорност, самостојност и подготвеност за учење.
- Способност за следење инструкции и работа според утврдени процедури.
Предност ќе имаат кандидати со
- Образование од областа на геоинформатиката, геодезијата, географијата или сродни технички науки.
- Искуство со обработка и проверка на просторни податоци.
- Познавање на телекомуникациска или комунална инфраструктура.
- Основно познавање на FTTH/FTTx мрежи.
- Познавање на AutoCAD.
- Познавање на германски јазик.
- Возачка дозвола од Б категорија.
Позицијата е погодна и за кандидати на почетокот на кариерата кои имаат практично познавање на QGIS, логичко размислување и желба за учење.
Начин на аплицирање
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] Со назнака: „ГИС специјалист“.
Ќе бидат разгледувани само пријави од кандидати кои живеат на територијата на Република Северна Македонија.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.