Промовирани огласи »

Новиот систем за влез и излез на ЕУ, EES, е најавен за 12 октомври 2025 година, кога ќе се направат големи промени на граничните премини.

ЕУ соопшти дека EES ќе се воведува постепено. Целосната имплементација на новиот систем за влез во земјите од ЕУ ќе биде завршена до 10 април 2026 година.

Што значи постепено воведување?

Системот за влез/излез (EES) ќе се воведува постепено на надворешните граници на 29 европски земји во период од шест месеци. Овие европски земји постепено ќе ги воведат различните компоненти на EES, вклучително и собирањето биометриски податоци, како што се фотографија на лице и отпечатоци од прсти.

Ова значи дека биометриските податоци на патниците (фотографии на лице и отпечатоци од прсти) можеби нема да се собираат веднаш на секој граничен премин, а нивните лични податоци можеби нема да се регистрираат веднаш во системот. Пасошите ќе продолжат да се печатат како и досега.

Оваа фазна имплементација ќе трае до 9 април 2026 година. Од 10 април 2026 година, EES ќе биде целосно оперативен на сите надворешни гранични премини на европските земји што го користат овој систем. Се очекува системот ETIAS да биде имплементиран во тој период.

Што ќе ве прашаат на граничните премини?

Од октомври, службениците на пасошката контрола ќе ги скенираат вашите отпечатоци од прсти и ќе фотографираат вашето лице. Овие информации ќе бидат евидентирани во дигитален документ.

Оваа постапка може да биде побрза ако однапред регистрирате дел од вашите податоци. Најверојатно ќе можете да го направите ова со помош на специјална опрема (систем за самопослужување), доколку е достапна на вашиот граничен премин и/или мобилна апликација - доколку земјата на пристигнување или заминување има таква апликација достапна.

Во секој од овие случаи, сепак ќе се сретнете со службеник за пасошка контрола.

EES собира, евидентира и складира:

  • податоци од вашиот патен документ (на пр. целосно име и презиме, датум на раѓање итн.)
  • датум и место на секој влез и излез
  • фотографија од лице и отпечатоци од прсти (т.н. биометриски податоци)
  • информации за тоа дали ви е одбиен влез

Врз основа на собраните биометриски податоци, ќе се креираат биометриски шаблони и ќе се чуваат во заедничката услуга за биометриско споредување (Biometric Matching Service).

Доколку имате виза за краток престој за Шенген зоната, вашите отпечатоци од прсти веќе се во Визниот информативен систем (VIS) и нема повторно да се чуваат во EES.

Сето ова се спроведува во целосна согласност со прописите за заштита на податоците и вашите права.

Што ако одбиете да дадете биометриски податоци на граничните премини?

Доколку одбиете да ги дадете вашите биометриски податоци, ќе ви биде одбиен влез на територијата на европските земји што го користат EES.

Тагови: EEC ЕУ

Промовирани огласи »

5 правила за успешно онлајн интервју

Ова е причината зошто не те вработиле по онлајн интервју!

Онлајн интервјуата станаа новата реалност во процесите за вработување. Иако звучат поедноставно – сепак има многу начини како (не)свесно можеш да оставиш лош впечаток. Еве ги петте златни правила кои ќе ти помогнат да блеснеш дури и преку екран:

1. Подготви ја техничката опрема однапред

Не чекај 5 минути пред интервјуто за да провериш дали ти работи камерата или микрофонот.

  • Провери интернет конекција
  • Направи пробно видео повикување
  • Осигурај се дека нема да има автоматски update или нотификации што ќе те прекинат

Бонус: Наполни го лаптопот и имај резерва (телефон или таблет) при рака – за секој случај.

2. Професионална позадина и осветлување

Твојата позадина кажува многу за тебе.

  • Не интервјуирај се од кревет, кујна или пред купишта облека.
  • Избери неутрална позадина или користи „blur“ ако немаш опција.
  • Осветли го лицето – природна светлина или ламба пред тебе (не одозади!).

3. Облечи се како за интервју во живо

Да, си дома. Но си на интервју. Избери професионална облека,  горниот дел особено, бидејќи тоа се гледа на камерата. Кога изгледаш подготвено, се чувствуваш и психолошки посигурен.

4. Вежбај комуникација и јасен говор

Онлајн комуникацијата има ограничувања – звукот може да касни, не се гледаат добро емоции.

  • Зборувај јасно и со умерено темпо
  • Не прекинувај
  • Покажи ангажираност со насмевка и гестови (но умерено)

Совет: Погледнувај во камерата, не во својот лик на екранот.

5.  Биди подготвен како за секое интервју

Онлајн не значи „полуформално“. Подготви:

  • Информации за компанијата
  • Одговори на најчести прашања
  • Прашања за нив (секогаш имај барем 2!)
  • Твоето CV, портфолио или линкови при рака

И најважно: Исклучи го телефонот и замоли блиските да не те вознемируваат.

Онлајн интервјуто е твоја можност да се претставиш професионално, фокусирано и сигурно – од удобноста на твојот дом.

Следи ги овие пет правила и ќе оставиш впечаток на некој што е спремен, сериозен и совршено адаптиран на новите работни реалности.

Сакаш повисока плата, но не знаеш како да искомуницираш? Прочитај и за: Сакаш повисока плата? Еве што не смееш да направиш

Тагови: HR интервју за работа совети за работа онлајн интервју

Промовирани огласи »

Интервју со Татјана Кацарска Станоевска - Советник за човечки ресурси во НЛБ Банка

Прочитајте го интервјуто со Татјана Кацарска Станоевска - Советник за човечки ресурси во НЛБ Банка

Наши луѓе, наши приказни: Татјана Кацарска Станоевска, Советник за човечки ресурси

Татјана Кацарска Станоевска е наша колешка и советник во Секторот за човечки ресурси, со работно искуство во НЛБ Банка од една година и три месеци. Со својата посветеност, ентузијазам и исклучителна заинтересираност за системот за управување со перформанси, Татјана активно придонесува за подобрување на интерните процеси во банката. Надвор од работното време, особено за време на викендите и одморите, таа го негува својот креативен дух. Дел од своето слободно време го посветува на творење – хоби што ѝ овозможува да го изрази својот талент и да внесе уметничка нота во сè што прави.

Љубовта кон пишаниот збор кај Татјана се јавува уште од најрана возраст. Прво започнува со поезија, преку која ги изразува своите мисли и чувства. Подоцна, нејзината креативност се проширува и кон пишување текстови за песни. Има напишано значителен број на текстови за песни, од кои две се музички обработени, со музика и аранжман. Иако овие творби сè уште не се официјално објавени, тие претставуваат важен дел од нејзиниот уметнички израз.

Сепак, првите објавени дела достапни за пошироката публика се двата романи: „Љубов, море и лимончело“ и „Денот кога првпат облеков сари“ – книги кои, со својот стил, искреност и хумор многу бргу ги освоија срцата на читателите.

Двата романи се издадени во соработка со македонска издавачка куќа, а нивната содржина е лесно прифатлива - полна со топлина, духовитост и животни ситуации во кои секој може да се пронајде. Напишани се со современ, лежерен стил, искрен хумор и реални емоции, со цел да насмеат, расположат и инспирираат. Токму поради таа автентичност и лежерност во раскажувањето, нејзините романи бргу го освојуваат читателот и оставаат впечаток што трае долго по затворањето на последната прочитана страница.

Пишувањето многу ми помага во професионалниот живот – ми носи смиреност, ми овозможува подобро да ги формулирам мислите и полесно да се справувам со предизвиците“, вели Татјана. „Особено сум среќна што сум дел од институција како НЛБ Банка, каде што се негува рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, а воедно се поттикнува и професионален и личен развој. Поддршката од мојот тим ми значи многу – тоа е уште еден доказ дека сите наши приказни се заеднички“, ни раскажа таа.

Тагови: НЛБ БАНКА А.Д. СКОПЈЕ

Промовирани огласи »

Промена на адреса? Еве како да ја замените личната карта

Доколку сте ја промениле адресата на живеење, законска обврска ви е да ја замените вашата лична карта со нова која ќе ја содржи ажурираната информација

Доколку сте ја промениле адресата на живеење, законска обврска ви е да ја замените вашата лична карта со нова која ќе ја содржи ажурираната информација. За да го започнете процесот на замена, потребно е да поднесете неколку документи до надлежната полициска станица.

Неопходни документи:

  • Пополнето барање за издавање на лична карта (се добива на шалтер)
  • Уплатница од 310 денари на соодветна сметка или електронска уплата преку ПОС терминал на лице место
  • Купопродажен договор за стан или куќа заверен кај нотар или имотен лист не постар од 6 месеци
  • Старата лична карта, која ќе се замени со нова

Вообичаено, процесот на издавање на новата лична карта трае неколку работни дена, по што ќе бидете повикани да ја подигнете. Важно е да знаете дека секоја промена на лични податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеење, мора да биде евидентирана во вашата лична карта најдоцна во рок од 15 дена.

Тагови: лична карта промена на адреса

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »