Промовирани огласи »

Кој има право на К-15 годинава и колку ќе изнесува

Работниците имаат право на К-15 доколку се вработени најмалку шест месеци кај ист работодавец, а исплатата мора да се изврши до 31 декември

Со растот на просечната плата, минималниот износ за К-15 оваа година изнесува 18.000 денари, што претставува 40% од последните три просечни плати за приватниот сектор и 30% за јавниот. Работниците имаат право на К-15 доколку се вработени најмалку шест месеци кај ист работодавец, а исплатата мора да се изврши до 31 декември. Фирмите можат да почнат со исплата од 1 јули, а износот може да се зголеми ако растат платите до крајот на годината.

Во Општиот колективен договор постои клаузула што им дозволува на фирмите со финансиски тешкотии да исплатат помал износ, што често се злоупотребува. Иако некои компании ја користат оваа можност и исплаќаат симболични суми, има и фирми што ги наградуваат своите вработени со поголеми износи, па дури и со 13-та плата. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) предупредува дека доколку фирма прикаже лажни финансиски потешкотии, може да следуваат казни откако ќе се објават завршните сметки.

Исплатата на К-15 е задолжителна, а за неисплаќање следува глоба до 4.000 евра, додека за работодавците што бараат поврат на парите е предвидена затворска казна од три месеци до една година. Според податоците на УЈП, заклучно со 25 јули 2025 година, 5.091 работодавец исплатил К-15 за 82.936 вработени. Од пред две години, ова право важи и за јавниот сектор – околу 90.000 административци годинава ќе добијат околу 12.000 денари регрес за годишен одмор.

Тагови: К-15 Сојуз на синдикатите (ССМ) УЈП

Промовирани огласи »

„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута

Сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година

Бугарските банки вчера потврдија дека сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година, со што официјално ќе започне транзицијата на земјата кон единствената европска валута.

Член на Управниот одбор на Здружението на бугарски банки, Никола Бакалов, изјави дека граѓаните ќе можат да подигаат евра директно од банкоматите од првото утро од следната година, објавува Новините.

Тој ја потсети јавноста дека граѓаните кои имаат големи количини бугарски лева во готово можат да ги депонираат на своите сметки.

Депозитите автоматски ќе се конвертираат во евра по официјалниот курс од 1,95583 лева за евро, на полноќ помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Овој пристап им овозможува на граѓаните да ги менуваат своите лева за евра без напор и бесплатно.

Консверзијата ќе биде бесплатна по 1 јануари и по истиот фиксен курс, но граѓаните не треба да чекаат до последен момент поради гужвите, истакна Бакалов.

До крајот на годината, нагласи тој, бугарскиот лев ќе остане официјална валута во Бугарија, а сите трансакции и плаќања можат безбедно да се вршат во лева.

Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во Софија минатата недела.

Елиминирањето на трошоците за конверзија ќе им заштеди на компаниите околу една милијарда лева годишно, додаде таа. 

Тагови: Бугарија евро

Промовирани огласи »

Поскапување! Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Ново поскапување

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.

  • Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.

Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм) 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

WITCON 2025: Конференција на којашто идеите се претвораат во влијание и нови можности

Eдна конференција, илјада можности: Зошто сите зборуваат за WITCON 2025?

На 21 и 22 ноември 2025 година WITCON 2025, конференцијата за вештачка интелигенција, технологија и иновации, ќе обедини 59 светски говорници и над 450 интернационални делегати од повеќе од 60 земји, визионери кои ја редефинираат иднината на дигиталниот свет.

Ова издание на WITCON,  глобален онлајн настан на 21ви ноември и со физичка програма во Marriott Hotel Skopje на 22ри ноември, ќе биде платформа каде што ќе се сретнат идеи, искуства и стратегии од најголемите компании и институции во светот. Говорници од компании како Microsoft, NOKIA, Mercedes-Benz Mobility, ABN AMRO Bank, HalkBanka, Intertec, Titan Usje, A1, Deltatre, Valtech, Slice, G+ D Netcetera, Creative Hub, Startup Club Skopje, Women in Tech Global, Metergram, Infinum, Proxiad, Ethereum Macedonia, ФИНКИ, IT:U и многу други глобални организации, стартапи и академски центри ќе го споделат своето, знаење, искуства и последни трендови во индустријата.

Меѓу најистакнатите говорници ги споделуваме следниве имиња со нивните теми на WITCON:

  • Ady Mor-Biran (Microsoft Garage) – за новата ера на AI агентите и иновациите одвнатре.
  • Atul Joshi (NOKIA) – за најновите технолошки трендови во AI.
  • Linda Cereda (Италија) – за стратегиски пристап кон AI во маркетинг.
  • Stefan Miteski (Mercedes-Benz Mobility) – за скалирање продукти и тимови во интернационален контекст.
  • Kirsten Goedhart (ABN AMRO Bank) – за дигитална трансформација на корпорации.
  • Nevena Joskoska (Deltatre) – за патот од љубопитност до лидерство во tech.
  • Miodrag Cekikj (Adopt Intelligence, Microsoft MVP) – за генеративна и агентска интелигенција.
  • Franka Grazhdani (Ethereum Macedonia) – за блокчејн, Web3 и довербата во дигиталната економија.
  • Ina Markovik (DINNA AI, Harvard Business School cert.) – за практични AI решенија за мали бизниси.
  • Jasmin Alić – за градење на личен бренд и LinkedIn стратегии кои носат резултати.

Темите ќе опфатат широк спектар на современи предизвици: од AI во образованието, дигитална доверба и сајбер безбедност, до етичка технологија, стартап екосистеми, здравство, e-mobility и иднината на работата.

Оваа година, WITCON ги обединува гласовите на говорници од Македонија, САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Италија, Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Канада, Монголија, Израел, Индија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, создавајќи вистинска глобална сцена на идеи и визија.

Со комбинација од креативност, знаење и енергија, WITCON 2025 ја надминува формата на класична конференција и станува место каде идеите оживуваат, а новите партнерства создаваат идни можности. Картите се достапни на овој линк.

За сите кои сакаат да бидат дел од највлијателниот технолошки настан во регионот и да слушнат идеи што го менуваат светот, WITCON 2025 е местото каде што иднината започнува.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »