Промовирани огласи »

Крај за илегалната работа во Германија!

Почнува идентификација на работниците, еве како ќе функционира и каде најмногу ќе се проверува

Почнува идентификација на работниците, еве како ќе функционира и каде најмногу ќе се проверува. Германската влада неодамна одобри закон за борба против нелегалната работа и перењето пари, особено во фризерската и козметичката индустрија, вклучувајќи ги и салоните за нокти, пишува dpa.

Вработените ќе мора да имаат документ за идентификација на работа и да го покажат за време на инспекциите, според законот што сè уште треба да го одобри Бундестагот. Ова правило веќе важи, на пример, во градежната и угостителската индустрија. Некои фризерски салони, според владата, се особено познати како жаришта не само за нелегално вработување, туку и за перење пари.

Заземаме построг став против оние кои се збогатуваат на сметка на јавноста и на грбот на нелегално вработените работници, рече министерот за финансии Ларс Клингбеил. Покрај промените што се очекува да ги подобрат условите за работа на вработените, законот треба да обезбеди околу две милијарди евра дополнителни приходи за државата, покраините и фондовите за социјално осигурување до 2029 година, според податоците од Министерството за финансии.

Тагови: Германија илегална работа

Промовирани огласи »

Ако компанијата не ве цени барајте нова шанса - понекогаш најдоброто решение е промена

Ако твојата плата и труд не одат заедно – не си ти проблемот!

Многу работници остануваат на исто работно место со години, надевајќи се дека нивниот труд еден ден ќе биде препознаен и соодветно награден. Но, вистината е дека не секогаш трудот се цени – а најлошото нешто што можете да го направите за себе и за својата кариера е да прифатите состојба во која се чувствувате невидливи.

Знаци дека компанијата не ве цени:

  • Вашите успеси и труд поминуваат незабележано.
  • Постојано добивате нови обврски без зголемување на платата или признание.
  • Секогаш слушате дека „сега не е време“ за зголемување или унапредување.
  • Чувствувате дека сте заменливи и дека нема простор за раст.
  • Во таква средина, мотивацијата полека се губи, а со неа и желбата за професионален развој.

Зошто промена е добар избор?

Кога ќе се одлучите да заминете од место каде што не ве ценат, ја отвораат вратата за нови можности – компании кои ќе ги препознаат вашите способности, ќе ви дадат простор за раст и ќе го наградат вашиот труд. Промената не значи пораз, туку храброст да се стави крај на нешто што не ви носи вредност и да се избере пат што води кон подобро.

Совет: Пред да ја донесете одлуката, проценете ги вашите вештини, направете план за следниот чекор и бидете подготвени да излезете од зоната на комфор.

На крајот, запомнете: вашата вредност не ја одредува компанијата во која работите, туку начинот на кој вие самите се цените.

Започнувате на нова работна позиција и не знаете како ќе бидете прифатени? Прочитајте и за: 10 практични совети како побрзо да се вклопите во новиот тим

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Нема веќе возење службено возило на државна сметка: Евидентирани две илјади службени возила

Целта е возилата да не се користат од страна на функционерите и други именувани и избрани лица за потребите на изборните кампањи

Во рамките на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, Државната комисија за спречување на корупција зголемува надзор врз користењето на службените возила. Во Регистарот на возила се евидентирани 1.916 службени возила на државни органи, локални самоуправи и јавни претпријатија.

Вовед на специјални таблички

Како дел од овој процес, сите институции биле задолжени да достават детализирани информации за возилата, вклучувајќи број, марка и година на производство, до 18 август. Непридржувањето кон оваа обврска може да резултира со прекршочни постапки. Оваa иницијатива има за цел спречување на злоупотреба на службените возила за време на изборите.

Специјален регистар и транспарентност

Донесена е одлука сите службени возила да добијат специјални, црвени таблички до 15 септември 2025 година, со што ќе се зголеми транспарентноста. Дополнително, ќе се воспостави специјален регистар за следење на местоположбата и користењето на секое од овие возила. Овие мерки се значаен чекор кон подобра контрола и управување со државните ресурси.

Тагови: табличките на возилата службени возила

Промовирани огласи »

Универзална сала треба да ги отвори вратите кон крајот на 2027 година, обезбедени 20 милиони евра за нејзина повторна изградба

За изградбата на Универзална сала обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи.

Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде околу средината на јули лани кога ја имав првата изјава во однос на Универзална сала, кажав нема да го ставам мојот потпис се додека не беше ситуацијата таму чиста. Во овој период добив насоки од Влада значи побаравме мислења како треба да постапиме за да можеме да ги расчистиме сите правни недоследности, а верувајте ги имаше многу. И мислам дека резултираше на крај со една кривична пријава на претходната министерка. Сега сите работи се расчистени и го распишавме тендерот со тоа што овојпат нема да биде во две фази, или во три фази како што беше претходно. Универзална сала ќе биде во една фаза, а тоа е клуч на рака, истакна Љутков.

Тој појасни дека во претходниот проект не биле опфатени ниту последиците од опожарувањето, ниту бил опфатен ентериерот и партерното уредување.

Сега она што беше побарано и од Град Скопје да се исклучат комплетно од целиот овој процес, целиот товар да падне врз Министерство за култура и туризам, тоа го направивме, во соработка со Град Скопје, со Министерството за транспорт и во соработка со Општина Центар. Сите работи ги расчистивме се усогласивме законски и ја распишавме повеќегодишната јавна набавка. Што значи дека ќе биде финансирана некаде од 15 септември, ако биде се во ред со јавната набавка ќе почнеме со градба и ќе биде финансирана 2025, 2026, 2027 треба да заврши до крајот на годината и ќе останат уште одредени средства коишто ќе треба да се исплатат во 2028 година. Отворањето би требало да биде кон крајот на 2027, во зависност од динамиката на изведувачите, објасни Љутков.

Рече дека е помината и одлуката на Влада и обезбедени се средства во износ од околу 20 милиони евра до крајот на 2027 година.

Сите комплетно инеренции ги имаме преземено. Значи Министерство за култура и туризам сега е директно одговорно за изградбата на Универзала сала, додаде министерот.

Тагови: Влада на РСМ Универзална сала Зоран Љутков

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »