Промовирани огласи »

Дали денес е време за прошетка? Проверете ја дневната прогноза

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со повремени удари кои може да надминат 60 km/h.

Претпладне во северните и централните делови ќе преовладува променливо облачно време, додека во текот на денот се очекува стабилизирање со повеќе сончеви периоди и свежина, проследено со слаба до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со повремени удари кои може да надминат 60 km/h.

Во Скопје, претпладнето ќе биде променливо облачно, а потоа ќе следува претежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h











10°
11°
11°
11°
11°
11°
10°







3

4

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 11° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













11°
11°
11°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 12° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h











10°
11°
12°
12°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

4

4

4

3

2

2

2

3

3

3

3

Промовирани огласи »

Запознај ги Пивара Скопје | Интервју со Маја Костовска, HR Business Partner

Како изгледа работата во една од најпрепознатливите компании во земјава? 🏢 Што значи да си дел од тимот на Пивара Скопје, и какви се можностите за младите кои сакаат да ја изградат својата кариера токму тука? 🚀

Во нашето последно интервју разговаравме со Маја Костовска, HR Business Partner во Пивара Скопје – личност која секојдневно работи со луѓе, развива тимови и ги отвара вратите за нови таленти. Таа ни даде поширок увид во тоа како функционира компанијата одвнатре – од процесот на вработување, преку културата и вредностите што ги негуваат, па сѐ до програмите за пракса и развој за студенти и млади професионалци. 🎓

💼 Во разговорот опфативме повеќе теми кои се важни за секој што размислува да аплицира за работа во Пивара – какви профили бараат, каков тип луѓе се вклопуваат во нивниот тим, што значи „да работиш со страст“ и како изгледа патот до професионален раст во една ваква динамична средина. 👀

Ако сакаш да дознаеш повеќе за реалните можности што Пивара Скопје ги нуди – слушни го овој разговор кој носи инспирација, конкретни информации и поглед одвнатре што ретко се добива.

Запознај ги Пивара Скопје | Интервју со Маја Костовска, HR Business Partner

Тагови: интервју пракса Пивара Скопје АД

Промовирани огласи »

Уверение за жителство за моментална адреса на живеење од денес ќе може да се извади и електронски

Електронски ќе може да се добие Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење, информираа денеска од МВР.

Како што стои во фејсбук објавата на Министерството, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа: Апликација за дозвола за оружје, Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица, Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица, Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица, Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица, велат од МВР.

Додаваат дека Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина.

Тагови: Facebook МВР уверение за жителство

Промовирани огласи »

Како да останеш продуктивен додека работиш од дома во лето

Започни го денот рано, додека е посвежо и додека мозокот е најодморен – најтешките задачи остави ги за претпладне.

Работата од дома звучи како идеален сценарио – нема сообраќаен метеж, си во удобна облека, а кафето е секогаш онакво како што ти го сакаш. Но, кога надвор температурите се искачуваат над 35 степени, продуктивноста лесно се топи. Летните горештини, расеаноста од сонцето и желбата за одмор може сериозно да влијаат на концентрацијата, особено кога си сам дома и немаш јасно структурирано работно време.

За да се задржи фокусот, клучна е рутината. Започни го денот рано, додека е посвежо и додека мозокот е најодморен – најтешките задачи остави ги за претпладне. Направи работно катче кое ќе биде проветрено, затемнето и удобно, а одбегнувај работа од кревет или кауч. Внесувај доволно течности и прави кратки, но чести паузи – идеално би било на секој час да се прошеташ неколку минути или да направиш растегнување. Тоа помага и физички и ментално.

Важно е и да се наградиш. Кога ќе ги завршиш сите обврски, дозволи си нешто убаво – сладолед, излегување со пријатели, или едноставно одмор под клима со добра книга. Летото не мора да биде непријател на продуктивноста – со малку дисциплина и прилагодување, можеш да го искористиш топлото време за поголема флексибилност и задоволство во работата.

Тагови: работа од дома работни навики

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »