Работата од дома звучи како идеален сценарио – нема сообраќаен метеж, си во удобна облека, а кафето е секогаш онакво како што ти го сакаш. Но, кога надвор температурите се искачуваат над 35 степени, продуктивноста лесно се топи. Летните горештини, расеаноста од сонцето и желбата за одмор може сериозно да влијаат на концентрацијата, особено кога си сам дома и немаш јасно структурирано работно време.
За да се задржи фокусот, клучна е рутината. Започни го денот рано, додека е посвежо и додека мозокот е најодморен – најтешките задачи остави ги за претпладне. Направи работно катче кое ќе биде проветрено, затемнето и удобно, а одбегнувај работа од кревет или кауч. Внесувај доволно течности и прави кратки, но чести паузи – идеално би било на секој час да се прошеташ неколку минути или да направиш растегнување. Тоа помага и физички и ментално.
Важно е и да се наградиш. Кога ќе ги завршиш сите обврски, дозволи си нешто убаво – сладолед, излегување со пријатели, или едноставно одмор под клима со добра книга. Летото не мора да биде непријател на продуктивноста – со малку дисциплина и прилагодување, можеш да го искористиш топлото време за поголема флексибилност и задоволство во работата.
Тагови: работа од дома работни навики