Промовирани огласи »

Уверение за жителство за моментална адреса на живеење од денес ќе може да се извади и електронски

Електронски ќе може да се добие Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење, информираа денеска од МВР.

Како што стои во фејсбук објавата на Министерството, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа: Апликација за дозвола за оружје, Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица, Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица, Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица, Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица, велат од МВР.

Додаваат дека Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина.

Тагови: Facebook МВР уверение за жителство

Промовирани огласи »

Како да останеш продуктивен додека работиш од дома во лето

Започни го денот рано, додека е посвежо и додека мозокот е најодморен – најтешките задачи остави ги за претпладне.

Работата од дома звучи како идеален сценарио – нема сообраќаен метеж, си во удобна облека, а кафето е секогаш онакво како што ти го сакаш. Но, кога надвор температурите се искачуваат над 35 степени, продуктивноста лесно се топи. Летните горештини, расеаноста од сонцето и желбата за одмор може сериозно да влијаат на концентрацијата, особено кога си сам дома и немаш јасно структурирано работно време.

За да се задржи фокусот, клучна е рутината. Започни го денот рано, додека е посвежо и додека мозокот е најодморен – најтешките задачи остави ги за претпладне. Направи работно катче кое ќе биде проветрено, затемнето и удобно, а одбегнувај работа од кревет или кауч. Внесувај доволно течности и прави кратки, но чести паузи – идеално би било на секој час да се прошеташ неколку минути или да направиш растегнување. Тоа помага и физички и ментално.

Важно е и да се наградиш. Кога ќе ги завршиш сите обврски, дозволи си нешто убаво – сладолед, излегување со пријатели, или едноставно одмор под клима со добра книга. Летото не мора да биде непријател на продуктивноста – со малку дисциплина и прилагодување, можеш да го искористиш топлото време за поголема флексибилност и задоволство во работата.

Тагови: работа од дома работни навики

Промовирани огласи »

Биткоинот достигна историски максимум

Биткоинот достигна рекордна вредност од речиси 112.000 долари, поттикнат од политиката на администрацијата на Трамп кон дигиталните валути.

Биткоинот достигна историски максимум со нов рекорд од речиси 112.000 долари, што ја става најпознатата криптовалута на врвот на интересот кај инвеститорите.

Најпопуларната криптовалута достигна врвна вредност од 111.988,90 долари за еден биткоин, пред да влезе во мало намалување. Ова достигнување привлече внимание како меѓу нови така и меѓу искусни инвеститори.

Од почетокот на годината, вредноста на биткоинот се има зголемено за повеќе од 18 проценти. Ова се должи, пред сè, на политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон дигиталните средства, која ја зголеми довербата во криптовалутите.

Тагови: Биткоин Доналд Трамп криптовалута

Промовирани огласи »

Џеф Безос планира да го купи „Вог“ за Лорен Санчез?

Јавноста е во шок по гласините дека Џеф Безос, основачот на Amazon, планира да ја купи познатата компанија „Конде Наст“, која е сопственик на списанието „Вог“

Јавноста е во шок по гласините дека Џеф Безос, основачот на Amazon, планира да ја купи познатата компанија „Конде Наст“, која е сопственик на списанието „Вог“. Овие информации предизвикаа бранувања, бидејќи се шпекулира дека Безос би можел да и ја даде менаџерската позиција во „Вог“ на својата сакана, Лорен Санчез, како свадбен подарок.

Ситуацијата дополнително ја заголица имагинацијата на јавноста и вработените во „Конде Наст“, кои се прашуваат дали пензионирањето на познатата уредничка Ана Винтур има врска со овие развои. Многумина сметаат дека ова е почеток на нова ера во модната индустрија под водство на Лорен Санчез, која би можела да донесе нови перспективи благодарение на своето искуство како новинарка.

И покрај тоа што Ана Винтур одлучи да се повлече од позицијата главен уредник, таа останува во својството на глобален директор во компанијата. Сепак, вработените не се целосно задоволни од можната аквизиција. Според еден инсајдер, „сега кога сите редакции имаат глобални директори, нејзиното заминување се чини дека сигнализира дека е во тек нова фаза“. Дали овој развој ќе го промени лицето на светската мода, останува да видиме.

Тагови: Amazon Вог Џеф Безос

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »