Промовирани огласи »

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Каква раздвиженост и енергија на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair! 💫

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Тагови: Саем за образование пракса саем за вработување

Промовирани огласи »

Бројни локации од главниот град денеска без струја, вода ќе нема во Карпош

Сервисни информации за денеска!

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

  • во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Крушопек како и корисниците од село Сарај лоцирани кај општината и рекреативниот центар Сарај (општина Сарај)
  • во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 10, како и дел од корисниците од ул. 134 во населба Сопиште (општина Сопиште)
  • во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улиците Иван Цанкар и Вангел Дину (општина Карпош)
  • во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ленинова лоцирани кај КФСМ, корисниците од бул. Партизански Одреди лоцирани кај Зегин и Академска Книга, корисниците од ул. Владимир Полежиновски, како и дел од корисниците од ул. Стефан Јакимов – Дедов (општина Центар)
  • во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани над полициската станица Водно кон Средно Водно, како и дел од корисниците од место викано Шербетница во општина Центар (општина Центар).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 300 мм на булеварот Осми Септември б.б, без вода ќе останат објектите на хотел Александар Палас и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, како и дел од корисниците од булеварите Осми Септември и Илинден, како и дел од корисниците од улиците Никола Тесла и Орце Николов, во општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Тагови: ЕВН ЈП Водовод и Канализација Скопје без струја

Промовирани огласи »

Airbnb прераснува во повеќе од само платформа за резервации

Што ако со Airbnb можете комплетно да си го осмислите својот годишен одмор, Брајан Чески веќе размислува во таа насока. Новиот дизајн на апликацијата ветува сосема нови услуги за корисниците.

Годинава, Airbnb CEO, Брајан Чески, го објави редизајнот на апликацијата за патувања, додавајќи нови услуги и искуства кои компанијата може да ги понуди. Со овој потег, Airbnb се обидува да стане многу повеќе од само платформа за патувања, содржејќи услуги како приватни готвачи и фотографи, кои корисниците можат да ги резервираат преку апликацијата.

Преобразбата вклучува не само естетска промена, туку и суштинска реорганизација на структурата на податоци на компанијата, овозможувајќи платформата да биде флексибилна за додавање на нови производи и услуги. Оваа иницијатива е дел од визијата на Чески да создаде „сеопфатна апликација“ која нуди услуги и искуства надвор од традиционалното изнајмување домови. 

Најновите промени не само што обезбедуваат нови можности за потрошувачите, туку поставуваат и предизвик како компанијата ќе се натпреварува со новите AI-алатки кои се развиваат. Додека компаниите како Google и Microsoft експериментираат со технологии кои можат да заменат посредни услуги, Airbnb ќе треба да најде свој пат за да осигура дека корисниците продолжуваат да го користат нејзиниот сервис на директен и повеќефункционален начин. Во време кога малкумина имаат простор да ги организираат слободните денови комплетно по свои мери, ваквите промени за апликацијата ветуваат ново искуство и зголемено задоволство за корисниците.

Тагови: годишен одмор патување технологија Airbnb

Промовирани огласи »

Најди работа во Битола!

Најнови огласи за работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Продажен персонал - Битола
Доставувач - Битола
Работници во производство - Битола
Оператор за уплатно место во Битола , Ресен, Кравари и Могила
B2B Coordinators Dispatch & Customer Support Agents - Битола

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »