Промовирани огласи »

Одлична промоција на UniQ пакетот за млади од УНИБанка

Младите полудуваат по новата понуда од УНИБанка – дознај зошто!

УНИБанка со гордост ја претстави најновата банкарска понуда за млади – UniQ пакетот, на настан кој се одржа на 29 мај во експозитурата на банката во трговскиот центар East Gate.

Овој настан, наменет за млади на возраст од 15 до 25 години, беше одлична можност за презентирање на придобивките и можностите што ги нуди овој финансиски пакет, кој го претставува новото лице на банкарските услуги за млади.

UniQ, како модерен и флексибилен пакет, креиран според потребите на новите генерации, нуди многу бесплатни можности, како:

  • Бесплатна три месечна претплата на NETFLIX
  • Дозволено пречекорување 15.000 денари 
  • Бесплатна Mastercard® картичка за млади
  • Без трошоци за одржување на сметка
  • УНИ СМС известување
  • Ексклузивни бенефити и попусти за млади клиенти

Промоцијата се одвиваше во динамична и пријателска атмосфера, со диџеј сет од DJ Babura Junior и фото-зона инспирирана од NETFLIX, каде што можеше да се направат уникатни фотографии. А во знак на благодарност, УНИБанка на своите гости подели и тематски подароци.

Посетителите, на лице место имаа можност да отворат сметки и да ги започнат своите финансиски патувања со UniQ. Стручните банкарски консултанти беа тука за да одговорат на сите прашања и да им помогнат на младите да го најдат најдоброто решение за нивните финансиски потреби. Нивната професионалност и поддршка создадоа пријатна и информативна атмосфера, која ја олесни секоја одлука и им овозможи на младите луѓе да направат најдобар избор за својата финансиска иднина.

Промоцијата не само што беше информативна, туку и забавна, а сите присутни ја искористија шансата да дознаат повеќе за UNIQ пакетот.

Со овој настан, УНИБанка уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде блиску до младите и да креира решенија кои ги следат нивните животни стилови и потреби.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ!

Ова е новиот ценовник на Регулаторна!

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари по литар.

Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство од 68 на 67,5 денари. Цената на мазутот бележи зголемување за 0,4 денари, односно од утре ќе изнесува 37,9 денари по килограм. 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Промовирани огласи »

За една недела „пајакот“ крена 133 непрописно паркирани возила во Центар

Почитувајте ги правилата и прописите за паркирање!

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 26.05. до 01.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, соопштуваат од ПОЦ. 

Тагови: ЈП Паркинзи Општина Центар Пајак

Промовирани огласи »

Топ 5 највредни валути во светот во 2025 година

Вредноста на валутата често се одредува според нејзината куповна моќ, стабилноста на економијата и политичката сигурност на земјата.

Во 2025 година, глобалната економија продолжува да се менува, но некои валути остануваат стабилни и високо вреднувани. Вредноста на валутата често се одредува според нејзината куповна моќ, стабилноста на економијата и политичката сигурност на земјата. Според најновите податоци, петте највредни валути во светот се:

Кувајтски динар (KWD)

Највредната валута во светот, со курс од околу 3,25 американски долари за еден динар. Оваа вредност се должи на богатството од нафта и стабилната економска политика на Кувајт.

Бахреински динар (BHD)

Следи со вредност од приближно 2,65 американски долари. Бахреин има развиен финансиски сектор и стабилна економија, што ја одржува високата вредност на неговата валута.

Омански риал (OMR)

Со вредност од околу 2,60 американски долари, Оманскиот риал е трета највредна валута. Оман ја одржува оваа вредност преку стабилна економија и фиксна врска со американскиот долар.

Јордански динар (JOD)

Иако Јордан нема значителни природни ресурси, неговата валута вреди околу 1,41 американски долар. Ова се должи на стабилната монетарна политика и поддршката од странски инвестиции.

Британска фунта (GBP)

Со вредност од приближно 1,25 американски долари, британската фунта останува една од најстабилните и највредни валути, благодарение на силниот финансиски сектор и економската стабилност на Обединетото Кралство.

Овие валути се издвојуваат поради комбинацијата на економска стабилност, ниска инфлација и силна побарувачка на меѓународните пазари. Иако вредноста на валутата не е единствениот показател за економска сила, таа игра значајна улога во меѓународната трговија и финансии.

Тагови: валути

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »