Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше новосоздадената канцеларија за намалување на трошоците на американската влада. Во неговиот мандат, стотици илјади вработени беа отпуштени или прераспоредени. Маск му се заблагодари на Трамп за можноста во објава на неговата платформата X.
Според Би-Би-Си, Белата куќа го започна процесот за негово заминување од позицијата „специјален владин службеник“, што му дозволуваше да извршува федерални работи до 130 дена годишно. Позицијата беше привремена, но времето на неговото заминување е значајно бидејќи тој го критикуваше новиот законодавен проект на администрацијата.
Маск додаде дека иако неговиот мандат завршува, мисијата на Канцеларијата за ефикасност на владата ќе продолжи да зајакнува со времето. „Мисијата на DOGE само ќе станува посилна со текот на времето, бидејќи станува начин на живот низ целата влада“, изјави тој.
Тагови: Доналд Трамп Елон Маск Би-Би-Си