Промовирани огласи »

Pierre Cardin ја препозна македонската креативност: Марија од Богданци на работилница во Франција

Таа беше избрана на конкурсот за студенти по моден дизајн, објавен од модната куќа пред неколку месеци

Која е Марија Роглева? Раскажи ни нешто повеќе за себе

Јас сум Марија Роглева и имам 21 година. Родена сум во Гевгелија,  а по потекло сум од градот Богданци.  Мојата страст кон уметноста и дизајнот ја поседувам уште од рана возраст. Додека бев основно училиште секогаш го преферирав предметот ликовно и уживав во изработката на цртежите и скиците.

Од каде дојде желбата токму оваа област да ја студираш и каков ти беше процесот да стигнеш до тој момент?

По завршувањето на основното училиште започнав со изучување на уметноста и модниот дизајн во ,,ДСЛУД Лазар Личеноски” – Скопје, на смерот дизајн на текстил и облека. Таму се стекнав со многу знаење и нови вештини кои континуирано ги употребувам во моите творби. Моментално сум студент на Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет - Скопје, исто така на насоката за моден дизајн. Во текот на изминативе седум години активно цртам и креирам во сферата на модата и уметноста.

Во слободно време работам како модел, а тоа повторно ме доближува до модата. Имам ангажмани како модел на реклами и учество како манекенка на повеќе ревии на територијата на нашата држава.

Кога и како ја откри твојата љубов кон уметноста и дизајнот? Имаше ли некој или нешто што те инспирираше?

Мојата љубов кон уметност ја открив уште од мали нозе. Кога бев дете, цртањето секогаш ми беше омилениот дел од денот.  Во моите средношколски денови често се случуваше да цртам од 10 до 13 часа дневно, и со тоа ги подобрував моите цртачки вештини. Креативноста природно се развиваше во процесот на скицирање и дизајнирање на нови идеи. На факултетот, освен на часовите, креативноста ја развивам и преку учеството во проекти, модни ревии, изложби, работилници и конкурси. Во текот на мојот творечки развој имам поддршка од целата моја фамилија и од најблиските роднини.

Како дојде до учество на работилницата на Pierre Cardin во Париз?

Конкурсот објавен од страна на модната куќа ,,Пјер Карден” за студенти по моден дизајн ни го сподели нашата професорка проф. д-р Гордана Вренцоска. Главната награда на овој конкурс е неколкумесечна работна пракса во модната куќа за тројца студенти од Европа. Јас уште од самиот почеток бев заинтересирана во врска со конкурсот и одвоив долг пременски период за да ја подготвам мојата апликација. Подготовката на мојата апликација започна со истражување на идентитетот на брендот ,,Пјер Крден”. Потоа започнав со скицирање на брзи и рачни скици кои што ми послужија за инспирација за финалната модна илустрација. Финалните цртежи ги изработив во апликацијата Adobe Photoshop и Illustrator, заедно со колорната карта, текстилната карта и колажот за инспирација.

Откаков аплицирав, после извесен период ми пристигна позитивен одговор од модната куќа ,,Pierre Cardin”, заедно со покана за учество во полуфиналната работилница во Париз. Работилницата, која беше предводена од дизајнерскиот тим на модната куќа, се одвиваше на 17-ти и 18-ти мај во одлична и професионална атмосфера. Се запознав со вработените, а исто така развив контакти и со останатите студенти - учесници на работилницата.

Какво беше искуството во Париз? Што научи таму што би го пренела во својата работа тука?

Искуството беше незаборавно, и ќе ми остане како значаен спомен. По завршувањето на работилницата бев на караток состанок со директорот на модниот бренд Родриго Бразиликати Карден и со дизајнерскиот тим. Таму разговаравме во врска со моите дизајни и скици, и тие беа позитивно изненадени од мојот труд. Јас исто се надевам на позитивен исход од моето учество во ова натпреварување.

Која е твојата порака до сите млади кои се двоумат дали да тргнат по патот на креативноста и дизајнот?

Мојата препорака кон младите е доколку имаат страст кон уметноста или дизајнот да не се двоумат, туку да превземат ризик и да се трудат за постигнување на успех на тоа поле.  Уметноста е дел од нас, треба да ја негуваме со нашето творештво и со желбата за разубавување на светот околу нас. Да се биде дел од сферата на модната индустрија е голем предизвик, потребно е да се има зацртана цел и план за остварување на истата таа цел. Со заложба и труд можат да се постигнат многу нешта.

Промовирани огласи »

Што треба да направите при повреда на работник на работа

Ова вклучува и повреди настанати на пат до или од работа, како и оние што настануваат поради виша сила или несреќен случај

Во согласност со законската регулатива во Македонија, повреда при работа се смета секоја физичка, хемиска или физиолошка повреда која е директно поврзана со извршување на работните обврски. Ова вклучува и повреди настанати на пат до или од работа, како и оние што настануваат поради виша сила или несреќен случај. Ваквите случаи се опфатени со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кој ги дефинира условите под кои повредата е призната како повреда при работа.

Работодавачите имаат обврска, според Законот за безбедност и здравје при работа, да обезбедат безбедни услови за работа, вклучително и организација на прва помош и избор на методи кои ја минимизираат опасноста. При сериозни инциденти (како смртен случај, колективна несреќа или повреда со повеќе од три дена отсуство од работа), тие се должни во рок од 48 часа писмено да го известат Инспекторатот за труд и претставниците на вработените. Пропуштањето на оваа обврска повлекува парични казни во зависност од големината на правното лице.

Исто така, работодавачот мора да води детална евиденција за сите повреди, заболувања и смртни случаи поврзани со работата, согласно законскиот правилник. Неводењето на таква евиденција исто така е казниво со глоба. Целта на овие законски мерки е да се подобри безбедносната култура и да се заштитат правата на вработените, како и да се обезбеди навремена интервенција и превенција на идни ризици.

Тагови: здравје здравствено осигурување работнички права

Промовирани огласи »

Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Работа од соништата постои – прашањето е дали ја барате на вистинското место?

Изборот на професија е една од најважните одлуки што ги носиме во животот – не само затоа што директно влијае на нашата кариера, туку и на секојдневната среќа, мотивација и личен развој. Ако сте на раскрсница и не знаете кој пат да го изберете, не грижете се – не сте сами. Овој краток водич ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор, врз основа на тоа што веќе носите во себе: вашите вештини и интереси.

1. Препознајте ги вашите вештини

  • Започнете со тоа што ќе направите список на работите во кои сте добри. Тоа може да бидат:
  • Технички вештини (пр. програмирање, дизајн, механика)
  • Меки вештини (пр. комуникација, тимска работа, лидерство)
  • Практични вештини (пр. организирање, работа со луѓе, брзо решавање на проблеми)

Совет: Побарајте мислење и од пријатели или колеги – често другите забележуваат таленти што ние самите ги занемаруваме.

2. Идентификувајте ги вашите интереси

Размислете за активностите што ве исполнуваат. Што ве прави да заборавите на времето? Што би го работеле дури и без плата (барем некое време 😄)? Интересите се клучни затоа што кариера изградена врз нив носи долгорочна мотивација.

3. Спојте ги вештините и интересите

Откако ќе ги издвоите вашите вештини и интереси, барајте преклоп. На пример:

  • Ако сакате уметност и имате чувство за детали – графички дизајн може да биде за вас.
  • Ако сте добри со броеви и уживате во анализа – размислете за финансии, аналитика или податоци.
  • Ако сакате да помагате и имате трпение – можеби образованието или здравството се вистинските патеки.

4. Истражете ја реалноста на професиите

Користете веб-страници, интервјуа, форуми или посетете саеми за вработување. Прашајте:

  • Каков е типичниот работен ден?
  • Кои се платите и условите?
  • Има ли побарувачка на пазарот?

5. Тестирајте – не мора сè веднаш!

Не мора веднаш да се обврзете на една професија засекогаш. Обидете се преку:

  • Кратки курсеви
  • Волонтирање
  • Практикантства
  • Фриленс проекти
  • Така ќе добиете чувство за одредена кариера – пред да скокнете со двете нозе.

На крај – следете го и гласот внатре во вас.

Нема „една вистинска“ професија – има многу што може да ве исполнат. Битно е да почнете од она што ве прави вие – вашите вештини, интереси, и вредности. Патот кон вистинската кариера е личен, но со правилна насока – и тоа е најдобриот чекор што можете да го направите денес.

Прочитајте и за: Што да направите и што да избегнете при преговори за првата плата

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Одлична промоција на UniQ пакетот за млади од УНИБанка

Младите полудуваат по новата понуда од УНИБанка – дознај зошто!

УНИБанка со гордост ја претстави најновата банкарска понуда за млади – UniQ пакетот, на настан кој се одржа на 29 мај во експозитурата на банката во трговскиот центар East Gate.

Овој настан, наменет за млади на возраст од 15 до 25 години, беше одлична можност за презентирање на придобивките и можностите што ги нуди овој финансиски пакет, кој го претставува новото лице на банкарските услуги за млади.

UniQ, како модерен и флексибилен пакет, креиран според потребите на новите генерации, нуди многу бесплатни можности, како:

  • Бесплатна три месечна претплата на NETFLIX
  • Дозволено пречекорување 15.000 денари 
  • Бесплатна Mastercard® картичка за млади
  • Без трошоци за одржување на сметка
  • УНИ СМС известување
  • Ексклузивни бенефити и попусти за млади клиенти

Промоцијата се одвиваше во динамична и пријателска атмосфера, со диџеј сет од DJ Babura Junior и фото-зона инспирирана од NETFLIX, каде што можеше да се направат уникатни фотографии. А во знак на благодарност, УНИБанка на своите гости подели и тематски подароци.

Посетителите, на лице место имаа можност да отворат сметки и да ги започнат своите финансиски патувања со UniQ. Стручните банкарски консултанти беа тука за да одговорат на сите прашања и да им помогнат на младите да го најдат најдоброто решение за нивните финансиски потреби. Нивната професионалност и поддршка создадоа пријатна и информативна атмосфера, која ја олесни секоја одлука и им овозможи на младите луѓе да направат најдобар избор за својата финансиска иднина.

Промоцијата не само што беше информативна, туку и забавна, а сите присутни ја искористија шансата да дознаат повеќе за UNIQ пакетот.

Со овој настан, УНИБанка уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде блиску до младите и да креира решенија кои ги следат нивните животни стилови и потреби.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »