Промовирани огласи »

Колку денови годишен одмор ви следуваат?

Дали знаете колку минимум денови годишен одмор ви следуваат?

Секој работник има уставно и законско загарантирано право на одмор, но дали знаете колку минимум денови годишен одмор ви следуваат?

Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена“, стои во членот 137 од Законот за работни односи, со потенцирање дека со колективен или договор за вработување може да се продолжи до 26 работни дена.

Законот, исто така, предвидува и дека празниците, саботите, неделите и слободните денови, отсуства поради боледување, како и други случаи на оправдано отсуство од работа, не се пресметуваат во деновите на годишниот одмор.

Работникот кој за првпат заснова работен однос, се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното“, стои во член 139 од Законот за работни односи.

Инаку, законодавецот утврди дека работникот има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој месец работа: ако во календарската година во која случил работен однос не се стекнал со правото на целосен годишен одмор и му престанал работниот одмор пред изминување на рокот, по истекнувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор.

Годишниот одмор по правило може да се користи во текот на календарската година. Може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни денови.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни денови годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30-ти јули следната година.

Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го користи до 30 јуни идната календарска година.

Годишниот одмор се користи земајќи ги предвид потребите на работниот процес, како и можностите за одмор и рекреација на работникот водејќи сметка за неговите семејни обврски. Работникот има право еден ден од годишниот одмор да го искористи на ден којшто сам ќе го определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три дена пред користењето“, стои во членот 144 од Законот за работни односи.

Тагови: годишен одмор работнички права

Промовирани огласи »

7 Придобивки од социјалните медиуми за вашиот бизнис

Од нула до бренд – еве како социјалните медиуми можат да ве издигнат!

Во денешно време, присуството на социјалните медиуми не е само „убаво да се има“ – туку неопходност. Без разлика дали сте мал локален бизнис или голема компанија, социјалните мрежи се моќна алатка за раст и поврзување со вашата публика.

Еве 7 начини на кои социјалните медиуми можат да ви помогнат:

1. Зголемена видливост и препознатливост

Со редовно објавување и интеракција, вашиот бренд станува попознат и останува во свеста на публиката.

2. Подобра комуникација со клиентите

Социјалните мрежи овозможуваат директен контакт – брзи одговори, анкетирање, слушање на мислења и градба на доверба.

3. Промоција со ниски трошоци

За разлика од традиционалното рекламирање, на социјалните медиуми можете да промовирате со мал буџет – или дури и бесплатно!

4. Целно таргетирање на публика

Платените реклами овозможуваат прецизно таргетирање според локација, интереси, професија и друго – за поголема ефикасност.

5. Градење на заедница околу брендот

Преку споделување вредни содржини, инспирација и автентична комуникација, создавате лојални следбеници.

6. Следење на конкуренцијата и трендовите

Социјалните медиуми се одлично место за инспирација – можете да следите што прави конкуренцијата и да ги фатите новите трендови пред другите.

7. Мерливи резултати и аналитика

Секој пост, приказна или кампања може да се мери – импресии, кликови, интеракции. Со тоа учите што функционира најдобро за вашиот бренд.

Совет: Бидете конзистентни, останете автентични и не плашете се да експериментирате. Социјалните медиуми се место за креативност, но и за резултати!

Прочитајте и за: 5 особини што укажуваат дека сте „незаменливи“ на работното место

Тагови: бизнис идеи социјални мрежи

Промовирани огласи »

KARIERA.mk најавува настан - Rewriting the Sales Playbook Selling Without Selling

KARIERA.mk настан - ексклузивна работилница посветена на светот на продажбата, која ќе се одржи на 15-ти мај во CoWork 21Скопје!

🚀 KARIERA.mk со особена чест ви ја најавува престојната ексклузивна работилница посветена на светот на продажбата, која ќе се одржи на 15-ти мај во CoWork 21 Скопје!

Овојпат, наш специјален гостин и предавач е извонредната Suzanne Pazit Geva – интернационален експерт за продажба и лидерство, која зад себе има импресивно портфолио на соработка со светски гиганти како VISA, Orange, Chanel, TUI, како и бројни компании од сферите на е-commerce, retail, криптовалути и онлајн казино индустријата.

Со повеќе од дваесет години искуство во водење на продажни операции, развој на тимови и градење високоефикасни стратегии, Suzanne ќе ни ги открие тајните на високо ефективната продажба во новата дигитална ера, со посебен фокус  на пристап ориентиран кон одлични резултати, градење доверба со клиентите и долгорочен бизнис раст.

Што ве очекува?

  • Актуелни трендови во продажбата за 2025 година
  • Стратегии за ефективна комуникација и преговарање
  • Изградба на тимови што инспирираат и постигнуваат
  • Пристапи за навигација низ продажни предизвици во брзорастечки индустрии

Оваа работилница е наменета за сите професионалци вклучени во продажбата, без разлика дали доаѓаат од стартап светот, корпоративен амбиент, е-commerce или услужен сектор.

🎟Early Bird влезниците веќе во продажба до 05.05.2025!

Повеќе информации на📞 078 262 370 

За влезници на фактура слободно контактирајте не на 📩[email protected]

📍 Локација: CoWork 21, Skopje
📆 Датум: 15 мај 2025

Обезбедете си место на време и бидете дел од ова инспиративно искуство што може да ја трансформира вашата продажна стратегија!

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Еврото е најсилно во однос на доларот од 2021 година

Еврото е најсилно во однос на доларот од 2021 година

Еврото продолжи да расте во однос на американскиот долар, забележувајќи пораст од 1,23% на вредност од 1,1500 долари, што е највисока вредност на евото во однос на доларот од ноември 2021 година. Овој тренд ја одразува продлабочената економска неизвесност и различните геополитички фактори кои влијаат на глобалните финансиски пазари.

Помеѓу факторите кои ја поттикнуваат оваа промена е и зголемената трговска напнатост помеѓу САД и Кина. Ова предизвикува страв од продолжена економска нестабилност, која би можела да го погоди американскиот пазар и да го воведе во рецесија, што пак има влијание на вредноста на доларот.

Трговските напнатости помеѓу двете најголеми светски економии – САД и Кина – продолжуваат да бидат еден од клучните фактори за глобалната економска нестабилност. Овие тензии не само што ги вознемируваат инвеститорите, туку и создаваат стравувања дека американската економија може да се соочи со сериозни проблеми во следните месеци, што ги доведува во прашање перспективите за долгорочен раст на доларот.

Во текот на 2025 година, евото продолжи да се зајакнува во однос на доларот, особено во услови кога инвеститорите ја гледаат Европа како помалку загрозена од трговските конфликти во споредба со САД. Растот на евото од 1,19% во однос на доларот до 1,15073 долари, исто така, се должи на очекувањата дека Европската централна банка ќе ги задржи каматните стапки на стабилно ниво, додека Федералните резерви на САД можат да се соочат со проблеми поврзани со економската забавеност.

Додатно, мнозинството од инвеститорите и економистите се загрижени за можноста дека претстојните трговски мерки на САД против Кина може да предизвикаат сериозни последици на глобалните пазари, особено на азиските и европските економии. Во такви околности, евро продолжува да се зајакнува како сигурно убежиште за инвеститорите кои ја бараат стабилноста, што може да доведе до понатамошен пораст на вредноста на еврото на долгорочен план.

Тагови: долар евро Кина САД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »