Првата плата е повеќе од бројка – таа е основа за вашата иднина, самодоверба и позиција на пазарот на труд. Но, многу кандидати се плашат да преговараат, особено кога сѐ уште немаат искуство. Добрата вест е: можете да преговарате, дури и како почетник – само треба да знаете што правите.
Што да направите:
1. Истражете ја просечната плата за позицијата
Пред интервју, истражете колкава е платата за слични позиции во индустријата, регионот и нивото на искуство. Користете платформи како KARIERA.mk, Paylab или зборувајте со луѓе од индустријата.
Знаењето е моќ – и аргумент во преговорите.
2. Почекајте ја понудата пред да зборувате за пари
Не ја спомнувајте платата први – оставете работодавачот да го каже првиот број.
Ако ја откриете вашата очекувана плата прерано, можеби ќе си го намалите просторот за договор.
3. Изразете ја вредноста, не само желбите
Место да кажете „Сакам 600 евра затоа што ми требаат“, објаснете што носите на маса: вештини, едукација, интерншип искуство, страст за учење.
Пример: „Верувам дека моето практично искуство со X алатки и желбата да се развивам во оваа индустрија може да придонесе за вашиот тим од првиот ден.“
4. Прашајте и за други бенефити
Ако платата е фиксирана, прашајте за:
- Флексибилно работно време
- Дополнителна обука или менторство
- Покриени трошоци за превоз или храна
Понекогаш вкупниот пакет вреди повеќе од самата плата.
Што да избегнете:
1. Немој да кажеш „Ќе прифатам што и да понудите“
Ова ја покажува вашата несигурност. Дури и ако навистина ви треба работата, покажете дека знаете колку вредите.
2. Не се преценувај (ниту потценувај)
Премногу висока сума може да ги одврати, а премногу ниска – да ве заклучи со лоша плата подолго време.
Проценете ја пазарната вредност – и поставете разумен опсег.
3. Не преговарајте агресивно
Целта е партнерство, не борба. Настапете со самодоверба, но со почит и фокус на заедничка добивка.
„Би сакал да разговараме за можност за подобар пакет, доколку е изводливо.“
4. Не ја прифаќај веднаш понудата (освен ако е идеална)
Слободно побарајте време да размислите.
„Благодарам на понудата, дали може да ја разгледам и да ви се јавам утре со конечен одговор?“
Запомнете – преговарањето не е дрскост, туку знак на зрелост и професионализам. Дури и ако понудата е фиксна, вашето преговарање ве позиционира како личност која знае што сака и знае да комуницира вредност.
Не знаете као да го составите вашето мотивациско писмо, прочитајте и за: Како да напишете ефективно мотивационо писмо – чекор по чекор
Тагови: HR зголемување на плата плата совети за работа