Промовирани огласи »

КОЈ САКА ДА БИДЕ ПОЖАРНИКАР? Се отвараат 400 работни места за оваа позиција во Македонија

Ќе успее ли Владата навремено да ги спречи пожарите кои, допрва доаѓаат?

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари.

Како што соопштија денеска од владината прес - служба, со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период.

Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба, се наведува во соопштението.

Воедно, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани. Како Влада остануваме целосно посветени во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните. Здравата животна средина и заштита на здравјето на граѓаните, но и заштита од вакви катастрофални појави во летниот период е наш приоритет. Владата работи на целосна трансформација на државата, се додава во соопштението од владината прес-служба. 

Тагови: Влада на РСМ пожари пожарникари

Промовирани огласи »

Над 15.000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати.  Од нив, 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.

За утрешниот прв екстерен испит пријавени се 9969 ученици за македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни. Како и во минатите години, и на оваа државна матура најголем број избрале да полагаат англиски јазик (13.457 ученици).

За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик.

За надгледување на испитниот процес, ДИЦ и оваа година ќе ангажира околу 2000 тестатори.

Испитите ќе се полагаат во училиштата доколку исполнуваат услови согласно Правилникот за организирање државна матура, а за учениците од училишта кои немаат такви услови, обезбеден им е простор во амфитеатрите на факултетите. ДИЦ на веб-страницата ги објави локациите за полагање на државната матура во јунскиот испитен рок.

Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе можат да полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Тагови: државната матура Државниот испитен центар

Промовирани огласи »

Летото пристигна порано: Македонија под топол бран со температури до 36°C

По подолг период на нестабилно време, конечно пристигнуваат вистинските летни температури кои ги посакуваа љубителите на сонцето.

По подолг период на нестабилно време, конечно пристигнуваат вистинските летни температури кои ги посакуваа љубителите на сонцето. Од недела (1 јуни), Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран кој пристигнува од Африка. Овој бран ќе предизвика значителен пораст на температурите, кои ќе се движат меѓу 25 и 33 степени, а во Повардарието, од средината на следната недела, можно е термометрите да покажат и до 36 степени.

Во Скопје и околината исто така се очекува значително затоплување, при што дневните температури ќе надминуваат 30 степени во текот на целата наредна седмица. Времето ќе биде стабилно, претежно суво и сончево, што ќе создаде идеални услови за активности на отворено и уживање во летните денови.

Иако генералната слика ќе биде сува и топла, постои мала веројатност за повремена локална нестабилност, што може да донесе краткотраен дожд на некои подрачја. Сепак, тоа нема значително да влијае врз претежно сончевата и пријатна временска прогноза што нè очекува.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

31.05.2025 Сабота   15° / 24° 06:04   21:02
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

















24°
23°
22°
20°
18°
16°
15°

4

4

2

1

2

2

2
01.06.2025 Недела   10° / 27° 06:04   21:03
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
13°
12°
12°
11°
11°
10°
11°
15°
18°
20°
22°
24°
25°
27°
27°
27°
27°
27°
26°
25°
22°
19°
18°
17°

2

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

4

4

4

4

3

3

1

2

2

2
02.06.2025 Понеделник   14° / 30° 06:03   21:04
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
16°
16°
15°
15°
15°
14°
15°
17°
19°
21°
23°
25°
27°
29°
29°
30°
30°
29°
28°
27°
25°
24°
23°
22°

2

2

2

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

2

1

2

2

2

Промовирани огласи »

Книгите како вредност, инспирација и иднина: Една година библиотека во Кромберг & Шуберт - Битола

Вака изгледа кога една компанија навистина инвестира во умот на своите вработени

Во време кога секојдневието пулсира со голема брзина, кога вниманието сè почесто се дели на фрагментирани информации, а тишината е реткост, книгата останува засолниште.
Таа е знак на внатрешен мир, алатка за разбирање на светот и на себе. А таму каде што книгата се негува, културата се развива.

Водени од оваа идеја, пред една година, Кромберг & Шуберт - Битола ја отвори својата прва интерна библиотека, место создадено со љубов, посветеност и верба во знаењето како двигател на секој напредок.

Библиотеката е достапна за сите 7000 вработени, како простор за поттикнување на љубопитноста, проширување на видиците и исклучување од секојдневниот ритам за миг на инспирација. Нивната библиотека е само дел од симболите посветени кон човечкиот капитал, кон она што секој вработен го носи во себе, желбата да учи, да сонува, да се развива.

Во изминатите 12 месеци, библиотека била посетена од стотици вработени, прочитани биле десетици наслови, споделени препораки, а со тоа создадена е и култура на читање, размислување и внатрешно збогатување.

За да ја поттикнат дополнително оваа култура и да им оддадат признание на оние кои најмногу ја искористија можноста, компанијата ги награди тројцата најактивни читатели:

Сузана Колевска

Славе Момировски

Гордана Секуловска

Тие се пример за тоа како, и покрај динамичното секојдневие, може да се најде време за себе, за личен раст преку зборот, приказната и размислувањето.

„Библиотеката ми стана лична зона за бегство од секојдневието. Најчесто позајмував книги за време на викендите, тогаш, поради семејните обврски, времето ми беше ограничено, но сепак наоѓав мирни моменти во кои навистина можев да се посветам на читањето. Ми стана навика секогаш да носам книга со себе, за во автобус, за на пауза, дури и за неколку страници додека одам дома. Тоа време ми беше доволно да се поврзам со некоја приказна, да се опуштам, да се насмеам или да научам нешто ново. Читањето го препорачувам на сите колеги, бидејќи токму тоа ни треба во животот и во работата: малку магија, малку верба и многу срце.“
- Изјави Сузана Колевска една од најактивните читатели.

Проектот што оваа година го организираа од Кромберг Шуберт беше со наслов: „КРОШУ инспирира преку книга“

Како дел од нивната посветеност кон културниот развој и инспирацијата од досегашниот успех на библиотеката беа инспирирани да го организираат проектот на кој беа собрани 1007 книги, секоја донирана со љубов, со своја порака, со сопствено значење.

Одделите се натпреваруваа преку креативни штандови, донации на книги, читање на проза, поезија и квизови. Но, повеќе од сè, се натпреваруваа во покажување дека КРОШУ има колектив што чита, размислува и се грижи.

Победници беа сите вработени, учесници, поддржувачи, и особено оние кои покажаа дека корпоративната култура не е само збор на хартија, туку живо, инспиративно и динамично искуство.

Настанот беше поддржан од комисија составена од претставници на различни партнери на компанијата и тоа:

  • Ирина Чифревска Велкоска – Индустри Сервис
  • Благица Илиевска – Хауз Мајстор Плус
  • Фатма Бајрам Аземовска – НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола
  • Владимир Таневски – МиГ Травел

Посебно емотивно одекна изјавата на Фатма Бајрам Аземовска, претставничка од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола:

    „Фабриката, како работна и продуктивна средина, преку иницијативи како оваа покажува дека вложувањето во културата на читањето и едукацијата е исто толку важно колку и вложувањето во технолошки и човечки ресурси. Интерната библиотека е доказ дека и работното место може да стане простор за личен раст, инспирација и заедничка вредност.“

Собраните книги остануваат достапни за сите вработени во библиотека на Кромберг и Шуберт, која не е само физички простор, таа е идеја. Идеја дека преку читањето ја градат иднината во која вредноста не се мери само во производи, туку и во зборови, знаења, вештини и идеи.

Културата не е луксуз, таа е она што ги прави луѓето подобри пријатели, колеги, поисполнети луѓе и поодговорни граѓани.

Библиотеката не е нивната крајна станица, таа е почеток на нови патувања, секојпат кога некој ќе избере книга од полицата. Во Кромберг и Шуберт – Битола продолжуваат и понатаму да градат култура на љубопитност, читање и постојан личен и професионален развој.

И како симболичен крај, а можеби и нов почеток споделуваме неколку строфи од прозата на Емилија Дамјановски, дел од тимот на КРОШУ:

Погледни!

Светот ти се насмевнал,
Те зграпчил во скутот,
те завил в прегратка,
те опил со љубовен мирис.

Погледни!
Околу тебе се е обоено,
ако срцето ти посака,
да пловиш во шаренилото.

Не покривај ги очите,
остави ги пеперутките
да треперат во боите на божилакот.

Остави ги гранките
да танцуваат на ветрот,
чиниш мајка го лула своето дете.

Остави ги зраците нека блескаат,
а ти радувај се на сјајот.

Погледни!

Насмевки се истураат врз тебе,
ти не отварај чадор,
не ставај штит,
пушти нека врни,
нека врни среќа,
нека истури љубов,
и молњи нека светат,
и очи нека блескаат,
и чувства нека трепкаат.

Погледни

Толку емоции застанале на овие полици,
толку воздишки,
низ прстите раскажани.

Дај им да живеат
во тебе, во мене во нас,
со книгите несебично
сподели неколку мига,

Денес и КРОШУ инспирира преку книга.

Тагови: Kromberg & Schubert Macedonia Bt DOOEL

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »