
За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ТЕТОВО, Служба за мрежа на експозитури.
Потребни квалификации:
- Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
- Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добро познавање на банкарските производи
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Прецизност, доверливост и чесност во извршување на работните задачи
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност
Дел од работните задачи:
- Вршење на готовинско и безготовинско работење;
- Вршење менувачко работење;
- Следење на трезорот на експозитурата со цел сигурност дека готовинскиот биланс е точен;
- Управување со готовина, броење и верификација на соодветна документација;
- Советување на клиентите за користење на палетата производи на банката;
- Промоција на производите и услугите на банката;
- Започнување на процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;
- Вршење вкрстена продажба на банкарските производи и др.
Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Тетово”, најдоцна до 29.05.2025 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »