Промовирани огласи »

СРЕДНОШКОЛЦИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Денес тестирање за упис во училиштата

Борба за место во гимназиите и здравствените струки

Министерството за образование и наука информира дека јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени од предвидениот број на ученички места, утре (22. јуни) ќе организираат квалификациони тестирања.

Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. Додека, за учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили) ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.

Единствено до сега скопската гимназија „Орце Николов“, соопшти дека нема да има квалификациони. Сите 301 ученик кои се пријавиле на конкурсот со успех 5.00 се примени и таму ќе бидат формирани 9 паралелки. Во оваа гимназија ќе има тестирање само во билингвалните паралелки по англиски јазик, по предметот англиски јазик. Има 145 пријавени ученици со 75 бода, а се примаат 136 во 4 паралелки.

Тагови: средношколци

Промовирани огласи »

Во врска со денешното исклучување на емитувањето на телевизиските канали од страна на операторите, МИОА би сакало да укаже дека е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации.  Во соопштението на МИОА стои:

Членот 115 гласи:

Член 115

(1)  Операторите кои обезбедуваат пристап до јавна електронска комуникациска мрежа можат, без согласност на корисниците, привремено да го ограничат или прекинат пристапот до нивните услуги, доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци во мрежата.

(2) Операторите се должни да ја информираат Агенцијата и да ги известат корисниците за ограничувањата или прекините кои траат подолго од 30 минути:

- најмалку 48 часа пред планираната реконструкција, модернизација или одржување или

- колку што е можно побрзо, но не подолго од 48 часа, кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци во мрежата.

(3) Операторите треба да ги преземат сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко.

Со оглед на тоа што не се работи за прекин кој е предизвикан заради реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, јасно е дека се работи за повреда на законот. Последиците за ова дело се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации, кои гласат:

Член 182

(1) Глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, односно трговец поединец, ако:

36) изврши привремено ограничување или прекин на пристап, спротивно на членот 115 од овој закон;

(2)  Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно за трговецот поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец за прекршоците од ставот 1 на овој член.

Член 186

(1) На правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182,183 и 184 од овој закон покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три години, а може да му се изрече и прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

(2) На одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година.

(3) На трговец поединец за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, а може да му се изрече прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело.

Промовирани огласи »

Владата на седница го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11 март годинава, а пред почнување на вонредната состојба на 17 март.

Со приложување на лична писмена изјава до работодавачите, покрај добиена потврда од матичен гинеколог, отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.

Промовирани огласи »

За целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, ќе се разговара викендов, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Претходната одлука беше одлука да се отворат сите затворени гранични премини со препораките што важат сега, но со оглед на тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, еве веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција, така што одлуката ќе биде да се отворат границите целосно, без карантини и без Пи-Си-Ар тестирање. Еве ќе носиме одлука и ќе дискутираме викендов некаде за почетокот на следната недела, рече Филипче.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »