
Плата од 27.500 ден. до 30.000 ден.
За компанијата: Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год.
повеќе за компанијата »Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома – Правен факултет;
- Положен правосуден испит ќе се смета за предност;
- Најмалку 1 година искуство во областа на правни работи;
- Одлично познавање на областа на човечки ресурси со искуство од најмалку 1 година;
- Познавање на англиски јазик пожелно, но не е задолжително;
- Познавање на MS Office апликации;
- Способност за тимска работа;
- Самоиницијативност, креативност;
- Професионалност, енергичност;
- Познавање на закони поврзани со областа на Градежништвото.
Работни обврски:
- Ги следи и применува законските и подзаконските прописи, нудење на правни решенија;
- Составува писмени поднесоци: договори, предлози, приговори, барања, жалби, одговори на тужби;
- Врши административно технички работи;
- Води административна коресподенција;
- Подготвува договори за вработување и други акти од областа на човечки ресурси;
- Организирање и водење на процесот на регрутација и селекција;
- Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледување и др.отсуства регулирани со законската регулатива);
- Коресподенција и застапување на фирмата пред надлежни органи и институции;
- Проучува предмети;
- Изготвува и испраќа опомени до комитенти за неплатени фактури;
- Изготвува мислења и одговори во врска со предмети за кои е задолжен за работа;
Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот во канцелариите на Гама Градба.
Платата ќе се одреди според знаењето, искуството и желбата за работа на кандидатите, а ќе ја задоволува просечната месечна плата.
Ваше CV, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате пратете го на следната Е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »